Македонија
НБРМ за ризиците поврзани со onecoin и останатите „дигитални“ валути
По добиени информации за постоење на дигитална (крипто) валута ONECOIN во која инвестираат и граѓаните на Република Македонија, Народната банка изврши анализа на оваа дигитална валута, како и начинот на кој се вршени трансакциите за нејзиното купување и предупредува дека според регулативата во државата не е дозволено инвестирање во дигитални (крипто) валути.
По добиени информации за постоење на дигитална (крипто) валута ONECOIN во која инвестираат и граѓаните на Република Македонија, Народната банка изврши анализа на оваа дигитална валута, како и начинот на кој се вршени трансакциите за нејзиното купување и предупредува дека според регулативата во државата не е дозволено инвестирање во дигитални (крипто) валути.
Согласно со Законот за девизното работење, отворањето односно имањето сметки во странство е пропишано со посебна одлука донесена од Народната банка на Република Македонија. Резидентите (правни или физички лица) на РМ не можат да отворат, односно да имаат сметка во странство, ниту да чуваат парични средства на тие сметки, освен под посебни услови, како на пример врз основа на регулиран престој во странство подолго од три месеци или добиена работна виза во странство, како и други услови пропишани во наведената одлука. Исто така, вложувањето на резидентите во хартии од вредност во странство, како и вложувањето во деривативни финансиски инструменти чија цена директно или индиректно зависи од цената на хартијата од вредност, странската валута, берзанскиот производ или висината на каматната стапка, не е дозволено, освен за одредени исклучоци пропишани во законот. Оттука, купувањето, односно инвестирањето од страна на резидентите физички лица во дигитални (крипто) валути, според регулативата во Република Македонија, не е дозволено. Анализата на Народната банка покажа дека граѓаните иницираат трансфери во странство при вложување во дигиталната (крипто) валута ONECOIN, и тие најчесто не се извршуваат во корист на нивна сметка во странска банка (сам на себе), туку кон некое странско правно лице коешто ја дава таа услуга за издавање или чување на дигитални крипто валути. Налогодавач е физичко лице кое уплатува парични средства на нерезидент правно лице врз основа на школување, обука или набавка на книги, брошури, друга литература и слично. Доколку самата банка, на било кој начин, добила сознание дека при таквото плаќање се работи за вложување во дигитални (крипто) валути или депозити, таа треба да го одбие извршувањето на трансакциите. Во однос купувањето, чувањето или разменувањето на сите дигитални (крипто) валути, Народна банка ја информира јавноста за следните ризици: 1. Може да имате реална загуба на парите кои сте ги вложиле. За да купите дигитални (крипто) валути треба да имате пристап до платформа, односно софтверска апликација на која се разменуваат овие валути. Овие платформи најчесто се нерегулирани и интерните правила на создавачот на платформата се предмет на чести измени. Има голем број случаи кога овие платформи запреле со работа, без никаква најава. Клиентите треба да бидат свесни дека овие софтверски платформи не се банки, и дека не постои правна заштита за средствата кои ги вложуваат преку нив. Доколку платформата престане со работа, не постои механизам во кој клиентите ќе бидат обештетени, како што е тоа случај со средствата вложени во банка која има дозвола за основање и работење издадена од гувернерот на Народната банка. 2. Вашите дигитални пари може да бидат украдени. Во моментот кога ќе купите дигитални (крипто) валути, тие се сместени во т.н. дигитален паричник на вашиот компјутер, лаптоп и/или паметен телефон. Дигиталните паричници имаат дигитални клучеви или лозинка која овозможува пристап до нив. Доколку ја изгубите лозинката или клучот за пристап до вашиот дигитален паричник вашите средства се неповратно изгубени. Не постои централизирано место во кое се сместени лозинките или можноста да се измени лозинката со нова за да се пристапи до истиот дигитален паричник. Дигиталните паричници се најчеста мета на напади на хакери. Регистрирани се голем број случаи кога клиенти изгубиле значителни финансиски средства на ваквите платформи, без шанси за нивно враќање. 3. Вредноста на вашите дигитални (крипто) валути може многу брзо да се намали, дури и да падне на нула. Цената на bitcoin и на останатите дигитални (крипто) валути брзо се издигна, поради рапидно инвестирање на голем број клиенти. Пазарот на овие валути е нестабилен, и нивната вредност се менува генерално врз основа на побарувачката за нив. Доколку опадне популарноста на одредена дигитална (крипто) валута и нејзината вредност може лесно да се измени или да падне на нула. Доколку се генерираат повеќе дигитални (крипто) валути отколку што се потребни, може да се случи клиeнтите да имааат повеќе дигитални средства во дигиталниот паричник, но тие да вредат помалку во реалниот живот. 4. Трансакциите поврзани со дигиталните (крипто) валути може да се користат при криминални активности, вклучувајќи го и перењето пари. Трансакциите со виртуeлните (крипто) валути се јавни, меѓутоа налогодавачот и примачот на парите се анонимни. Тие им нудат на клиентите голем степен на анонимност, но најчесто трансакциите не може да се следат. Затоа токму овие мрежи на дигитални (крипто) валути најчесто и се користат за трансакции поврзани со криминални активности, перење пари и финансирање на тероризам. Доколку се појави сомневање дека одредена платформа се користи за вакви активности, државните органи според своите законски овластувања, може да ја блокираат платформата и да ги замрзнат сите средства на сите корисници./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

