Контакт

Економија

Одржана седница на Националниот совет за претприемништво и конкурентност

Објавено пред

Националниот совет за претприемништво и конкурентност во четвртокот одржа ја разгледана анкетата спроведена помеѓу извршни директори на поголем број македонски компании, во која се содржани ставови и предлози за унапредување на македонската економија.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Зајакнување на дијалогот помеѓу деловната заедница и Владата е еден од најчестите предлози содржани во анкетата што е силна потврда за потребата од активна работа на Националниот совет за претприемништво и конкурентност“, истакна вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.На седницата исто така беше презентиран и регионалниот проект за финансирање и поддршка на мали и средни претпријатија – Western Balkan Enterprise Development and Innovation Facility, проект поддржан од Европската Банка за Обнова и Развој, Европскиот Инвестиционен Фонд и Европската Унија, кој треба да стартува од идната година и во кој учество ќе земат сите балкански земји, меѓу кои и Република Македонија.Целта на проектот е да ги подобри условите за развој на иновативните претпријатија и претпријатијата со потенцијал за брз раст, како и да овозможи развој на пазар на сопственички капитал односно воведување на нови извори за финансирање на малите и средни претпријатија. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Објавено пред

Од

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што го нудат во малопродажба. Тука влегуваат и маркетите што продаваат основни прехранбени производи, овошје и зеленчук и трговците што продаваат средства за хигена, трговци на мало со бела техника, со играчки, техстилни производи, градежни материјали, алати и електрични апарати, буквално сите трговци што вршат трговија на мало. Исклучени се само микротрговци, односно оние што вработуваат до 10 лица, информира министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Ова произлегува од Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец, кој врши дејност трговија на мало.

„Во согласност со Правилникот на Министерството за економија и труд, малиот, средниот и големиот трговец, кој врши дејност трговија на мало, има обврска да ги објавува цените на стоките што ги пласира на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените, односно ценовник. Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава. Ценовникот треба да содржи: назив на стока – производ (трговска марка, модел и слично), продажна цена со ДДВ, единечна цена за килограм, литар, метар, опис на стоката, достапност во продажен објект, редовна цена со ДДВ и промотивна или цена со попуст, која треба да содржи цена со попуст изразен во проценти, вид промоција, дали е тоа промотивна понуда, пакет за лојалност или сезонски попуст, како и времетраење на промоцијата или попустот“, појасни министерот.

Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот.

Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките трговецот треба да ја коригира грешката во рок од 24 часа.

„Граѓаните сега ќе може да изберат каде ќе ги трошат своите пари бидејќи самите ќе може да видат и да споредат во кој маркет има најниски цени. Ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Нашите очекувања се дека со оваа мерка во наредниот период дополнително ќе има намалување на цените“, рече Дурмиши.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Грантови од 10 илјади евра за младите земјоделци, субвенции за млекопроизводителите

Објавено пред

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно докажува дека работи за иднината и за младите да останат во својата татковина и да го поминат својот живот тука во земјата во која се родени и растени. Ако изминативе 7 години, земјоделството беше заборавено од страна на минатата власт на СДС и ДУИ, сега тоа е спротивно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Се вложува во секоја пора на општеството. Се вложува многу и во земјоделството. Покрај помошта која што сточарите, оризопроизводителите, лозарите ја добија, сега и млекопроизводителите го добија заслуженото.

4574 млекопроизводители беа исплатени од државата со вкупен износ од 292.614.813,00 денари.

Се изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година.

Во однос на младите, се оформи повик за млади земјоделци кои ќе добијат грантови од 10 илјади евра за започнување на производство на квалитетна и органска храна. На овој начин ќе се стимулираат младите да се насочат кон земјоделието и ќе ја обезбедиме иднината на македонското земјоделство.

Иднината е во младите. Владата помага преку проекти и субвенции за оваа гранка од општеството. Што повеќе задоволни земјоделци, толку повеќе квалитетна македонска храна на трпезите.

Земјоделците нема да бидат заборавени, како што биле во минатото. Тие ја имаат безрезервната поддршка на Владата и тоа ќе продолжи во иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Економија

Исплатени речиси 4,7 милиони евра субвенции за млекарите

Објавено пред

Од

Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813 денари, информира Министерството за земјоделство.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година. Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко“, се наведува во соопштението.

Со ова, велат од МЗШВ, субвенциите по основ на произведено и предадено млеко за 2024 година се целосно исплатени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија5 часа

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија6 часа

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија6 часа

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија7 часа

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија7 часа

Одложено рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради...

Топ8 часа

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение...

Македонија10 часа

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет10 часа

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа10 часа

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...

Македонија11 часа

„Затворена Кардиохирургија, без да се обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност...

Свет11 часа

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание...

Свет12 часа

Трамп: Нема повеќе социјална помош за имигрантите без документи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша меморандум кој има за цел да ги спречи недокументираните имигранти и другите неподобни лица...

Македонија22 часа

Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија1 ден

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....

Македонија1 ден

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ1 ден

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија1 ден

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија1 ден

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...

Македонија1 ден

Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во статус на социјалните мрежи се огласи по критиките од опозициските партии за одговорноста...