Македонија
Туристи од цел свет денеска во Битола
Виртуал турист, патувачкиот сајт, денеска во Битола донесе голем број на туристи од целиот свет.
Виртуал турист, патувачкиот сајт, денеска во Битола донесе голем број на туристи од целиот свет. Луѓето преку овој сајт, се дружат заедно на патувања низ светот, се занимаваат со различни професии, но туризмот ги обединува. Секоја година, виртуал турист во различна земја организира ткн. „еуро мит“, годинава честа и припадна на Македонија да биде домаќин, на седмиот по ред интернационален „еуро мит“.„ Луѓето дојдоа од цел свет: ги има од Канада, од Куала Лумпур, од Костарика, цела Европа, Северна Африка, Русија, не има од цел свет, се дружиме, во Битола сме два дена, во Охрид три и во Источна Македонија три дена.“- вели Валентина Мишковска Петровиќ од virtualturist.comНа прашањето колку Македонија е атрактивна за туристите. Петровиќ мисли дека за „лоу импакт“ туризам Битола има многу големи можности. „На туристите многу им се бендисува тука – мирно, тивко и пред се евтино.“- вели Петровиќ и додава дека можеби развојот на туризмот би бил доста понапреден, ако условите за доаѓање во земјава би биле подостапни.„ Мислам малку е тешко да се стигне до Македонија, што се однесува до аеродромите и железницата, мислам дека сме отсечени додека автобускиот и автомобилскиот превоз е супер што е и придобивка за нас. Луѓето имаа мака додека стигнат еве од Куала Лумпур патуваа два дена, но сега се тука и се задоволни, уживаат.“- вели ПетровиќНекои од денешните посетители на старата битолска чаршија, се туристички работници кои размислуваат земјава да ја промовираат во Азија, што е голема придобивка за Македонија и развојот на туризмот.„Мојот прв впечаток е мешавината на многу разни работи кои не ги очекував и причината поради која сме овде е нашиот домаќин, кој одлучи да дојдеме на ова место каде не сме биле досега“, вели турист од Лос Ангелес„ Ми се допаѓа Битола и се надевам дека ги видовме најинтересните работи, ги видовме римските ископини и старите згради овде Ова ми е прв пат во Битола, ми се допаѓа градот и сите кафулиња, ресторани има многу, гужва, многу луѓе, пријателска атмосфера. Ќе им препорачам на моите пријатели да дојдат, а јас сигурно ќе се вратам.“- вели турист од ХоландијаПокрај старата чаршија, туристите посетија и други делови и знаменитости во градот. /крај/тера/ом/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

