Македонија
Запленети 192 чифта патики и 76 парчиња накит

Македонските цариници запленија 192 чифта патики и вкупно 76 парчиња златен и сребрен накит, при контрола на стока во царинската испостава Скопје 2 и при преглед на возило на граничниот премин Блаце.
Македонските цариници запленија 192 чифта патики и вкупно 76 парчиња златен и сребрен накит, при контрола на стока во царинската испостава Скопје 2 и при преглед на возило на граничниот премин Блаце.
Како што соопшти денеска Царинската управа, завчера при проверка на стока од Кина во царинската испостава Скопје 2, цариниците привремено задржале 192 чифта патики „Converse“, поради сомневање дека станува збор за фалсификат.
Истиот ден, при контрола на патничко возило со косовски регистарски таблички на ГП „Блаце“ биле пронајдени 26 парчиња златен и 49 парчиња сребрен накит.
За двата случаја, Царинската управа на Република Македонија ќе поведе постапка за утврдување на одговорноста на прекршителите. /крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.