Економија
Македонската економија заздравува
Македонската економија покажува знаци на заздравување и покрај одредените ризици се очекува во 2010 година да го оствари проектираниот раст од два отсто.
Македонската економија покажува знаци на заздравување и покрај одредените ризици се очекува во 2010 година да го оствари проектираниот раст од два отсто.
Ваква заедничка констатација денеска во Скопје искажаа шефот на мисијата на ММФ за Македонија, Весли Мекгру, министерот за финансии Зоран Ставрески и гувернерот Петар Гошев.
Притоа беа изнесени и очекувања дека македонските власти ќе успеат да го исполнат зацртаниот буџетски дефицит од 2,5 отсто во однос на БДП, како и дека дефицитот на сметката на платниот промет да се намали на шест отсто од БДП.
Искажувајќи пофалби за движењата во македонската економија Мекгру укажа дека буџетските приходите повторно се под проектираното и доколку продолжи таквиот тренд може да биде потребно да се изврши дополнително намалување на расходите.
„Како што враќањето во позитивен раст на глобалната економија добива на динамика, а глобалните финансиски состојби понатаму се стабилизираат, Македонија се очекува да оствари позитивна стапка на раст“, изјави Мекгру.
Тој додаде дека доколку продолжи позитивниот тренд ќе се создаде простор за дополнително олабавување на монетарната политика на Македонија.
Министерот Ставрески признавајќи дека буџетските приходи на почетокот на годината биле пониски во споредба со лани, информираше дека таквиот тренд се подобрува и дека веќе во април било забележано прво покачување на буџетските приходи.
“Заедничка констатација е дека македонската економија заздравува, иако првите знаци на тоа заздравување даваат слика, која што има позитивни, но и негативни индикатори“, изјави Ставрески.
Тој додаде дека планираниот раст од два отсто се базира на очекуваното подобрување на екстерната побарувачка врз основа на пораст на европската економија од еден отсто и врз очекуваното умерено заздравување на домашната потрошувачка, кое треба да дојде до израз кон крајот на годината.
„Последните информации што ги имаме од реалниот сектор се охрабрувачки, одредени случувања, како што е состојбата во Грција и некои останати држави упатуваат дека постојат одредени ризици“, рече Ставрески
Гувернерот Гошев се согласи со констатациите дека се случува заздравување на македонската економија.
„Тоа заздравување се одвива бавно и не зависи само од политиките што се водат во државата, туку во голем дел од динамиката на закрепнувањето во оној дел на светот со кој Македонија има најголема размена“, изјави Гошев
Тој додаде дека Народната банка на Македонија дополнително ќе се изјасни околу прашањето дали има потреба од дополнително релаксирање на монетарната политика. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

