Свет
Бура на Филипините: најмалку 440 мртви
Тропската бура Ваши која беснее на југот на Филипините досега усмрти најмалку 440 луѓе, а повеќе десетици се уште се водат како исчезнати, според најновите податоци на Црвениот крст на Филипините од сабот
Тропската бура Ваши која беснее на југот на Филипините досега усмрти најмалку 440 луѓе, а повеќе десетици се уште се водат како исчезнати, според најновите податоци на Црвениот крст на Филипините од сабота.
Бурата го зафати островот Минданао, каде во едно од главните островски пристаништа, Кагајан де Оро, биле пронајдени 215 мртви тела. Во гратчето Илигана загинале 144 лица, а само во овие два града како исчезнати се водат 375 лица., се вели во изјавата на портпаролот на Црвениот крст на Филипини, Гвендолин Панг.
Таа додаде дека бројката на загинати уште може да расте.
Војската со камиони, хеликоптери и бродови успеала да спаси околу 2.000 лица, кои биле загрозени од огромните поплави предизвикани од бурата. Во спасувачките акции се вклучени преку 10.000 војници.
Во сабота бурата, проследена со ветришта со силина од 75 километри на час, почна да се движи кон островот Палаван.
Филипините секоја година се погодени во просек од 20 големи бури. Во септември, тајфуните Несат и Налге зад себе оставија пустош и преку 100 мртви луѓе. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја
Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија.
Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата.
Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот оставиле околу 500.000 луѓе без електрична енергија.
Украинската страна не го потврди нападот. Во последните недели, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура во делови од Донецк контролирани од Русија, со цел да се поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
фото: принтскрин
Регион
Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува
Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.
Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово.
„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.
Засега нема опасност од уривање, додаде тој. „Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е најважна“, додаде тој.
фото: принтскрин
Регион
Хрватски министер за пожарот во облакодерот: „Не знаеме која е причината“
Во близина на облакодерот „Вјесник“ во Загреб, кој гори повеќе од шест часа, се најде и хрватскиот министер за градежништво Бранко Бачиќ, но, како што објави Индекс.хр, тој не бил расположен да даде изјава, а на новинарот му кажал само дека за пожарот знае само она што досега е познато.
„Сè уште не знаеме што го предизвикало пожарот“, рече Бачиќ.
Кратко пред полноќ, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а бидејќи се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење. Според моменталните информации, во моментот на пожарот немало никој во зградата.
93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот.
„Пожарот е сè уште активен и се шири низ конструктивните отвори. Поради зголемената опасност, пожарникарите се повлечени од внатрешната. Сите станици се испразнети и се пополнуваат со резервни сили“, соопшти Јавната противпожарна служба на Град Загреб.
фото: принтскрин

