Свет
Фамилијата на Гадафи тешка најмалку 150 милијарди долари
Богатството на Гадафи е многу поголемо од првичните проценки, сметаат финансиските експерти. Само САД заплени околу 30 милијарди долари либиски инвестиции, Канада замрзна 2,4 милијарди, Австрија 1,7 милијарди, а Британија околу една милијарда.
Богатството на Гадафи е многу поголемо од првичните проценки, сметаат финансиските експерти. Само САД заплени околу 30 милијарди долари либиски инвестиции, Канада замрзна 2,4 милијарди, Австрија 1,7 милијарди, а Британија околу една милијарда.Стручњаците оценуваат дека запленетите пари на Гадафи кој 42 години е на власт со неговата фамилија, се само врв од ледениот брег, бидејќи никој точно не знае што се’ поседува овој огромен фамилијарен клан низ светот. Според некои извори, фамилијата добар дел од парите ги сокрила во Дубаи и други држави на Персискиот залив.Мухамед Абделмалек, опозициски политичар, проценува дека Гадафи тежи околу 80 милијарди, а целиот негов фамилијарен клан 150 милијарди долари, пренесе IOL news.Познато е дека списокот на нивниот имот се наоѓаат: трговски центар во лондонски Вест енд, канцелариски простор преку патот на „Англиска Банка“, како и акции во „Пирсон“ и издавачката куќа „Пингвин“. Особено боде очи луксузната куќа, која за 15 милиони долари во отмен кварт на Хампстед ја купи синот на Гадафи – Саиф, кој од почетокот на либиската криза највеќе беше експониран во јавноста, заканувајќи се преку телевизија дека во земјата ќе течат реки од крв.Резиденцијата со осум соби, базен, сауна, џакузи и кино сала, се наоѓа во населба каде престојуваат ТВ ѕвезди, водители и актери, пренесува Блиц. Лондонските соседи на Саиф во моментот потпишуваат петиција со барање Саиф да се исели бидејќи „не сакаат да живеат покрај масовен убиец кој го масакрира својот народ“.Аналитичарите сметаат дека имотот на Гадафи во Британија надминува 10 милијарди долари, бидејќи еден дел од него се наоѓа во сопствеништвото на Либиската инвестициска управа (ЛИА), државниот фонд кој досега вложи преку 60 милијарди долари во разни инвестиции во странство. ЛИА, помеѓу другото, е сопственик на 2,6 отсто од акциите во италијанскиот концерн „Фијат“ и 7,5 отсто акции во фудбалскиот клуб Јувентус./крај/бл/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венецуела прифати месечен надзор: буџетот ќе оди на одобрување во Вашингтон
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека привремената влада на Венецуела се согласила секој месец да го доставува својот буџет на одобрување до Соединетите Американски Држави.
Обраќајќи се пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Рубио рече дека американската влада одлучува за што може да се користат средствата, во рамки на она што го опиша како „краткорочен механизам“. Тој додаде дека венецуелските власти ветиле значителен дел од средствата да го искористат за набавка на лекови и опрема директно од Соединетите Држави, оценувајќи дека раководството на Венецуела било „многу кооперативно“.
Американските сили на почетокот на јануари ја нападнаа Венецуела и го заробија нејзиниот авторитарен лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, со што земјата беше вовлечена во политички превирања.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ја ревитализира венецуелската нафтена индустрија и најави големи придобивки и за себе и за народот на Венецуела. Тој по пучот изјави и дека има намера привремено да управува со земјата, без да прецизира како тоа би изгледало.
Соединетите Држави во моментов соработуваат со потпретседателката на Венецуела Делси Родригез, која ја презеде функцијата привремена претседателка на земјата.
Свет
Ако Зеленски е навистина подготвен за средба, го каниме во Москва, ќе ја гарантираме неговата безбедност, рече помошникот на Кремљ
Кремљ соопшти дека е подготвен за директна средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија никогаш не одбивала вакви контакти и дека е подготвена да му гарантира безбедност на Зеленски доколку дојде во Русија.
„Доколку Зеленски е навистина подготвен за средба, тогаш го каниме во Москва. Ќе ја гарантираме неговата безбедност и потребните услови за работа“, рече Ушаков во интервју.
Изјавата доаѓа во време на нови дипломатски напори за завршување на војната, пренесе „Киев Индипендент“.
Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Зеленски е подготвен за средба со Путин за да разговараат за две клучни теми: територијалното решение и иднината на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација.
Размената на пораки се случува во момент кога Украина, Русија и САД повторно се дипломатски активни, во контекст на напорите на Доналд Трамп за завршување на војната. Се очекува следната рунда преговори да се одржи на 1 февруари.
Зеленски и Путин последен пат лично се сретнаа во Париз во декември 2019 година, во рамки на Нормандискиот формат. Од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, немале директни разговори.
Свет
Напнатост меѓу Киев и Будимпешта по изјавите за мешање во изборите
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало Антал Хајзер, унгарскиот амбасадор во Киев, на разговор поради недамнешните изјави на високи унгарски политичари, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, за наводно украинско мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија.
Министерството упатило протест до унгарскиот амбасадор, негирајќи дека Украина се меша во унгарските избори. Притоа нагласило дека Киев решително се спротивставува на „секој обид на унгарската страна да ја вовлече Украина во унгарската изборна кампања“, оценувајќи дека таквите постапки му штетат на развојот на билатералните односи.
Украинското Министерство за надворешни работи ја повикало Унгарија „да престане со својата агресивна реторика против Украина“ со цел да се избегнат понатамошни негативни последици за билатералните односи. Воедно било наведено дека Украина и понатаму е подготвена за конструктивна соработка со Унгарија.
Во соопштението се повторени и повиците до Будимпешта да престане да ги блокира преговорите за пристапување на Украина во Европска унија, со образложение дека членството на Украина би било во интерес и на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.

