Свет
Саркози-Конференцијата во Копенхаген може да заврши катастрофално
Конференцијата за климатски промени во Копенхаген се ближи до катастрофа и итно мора да се промени правецот на разговорите.
Конференцијата за климатски промени во Копенхаген се ближи до катастрофа и итно мора да се промени правецот на разговорите.
Ова го изјави францускиот претседател Никола Саркози на 24 часа пред завршетокот на преговорите на кој треба да се усвои план што ќе го замени протоколот од Кјото кој има важност до 2012 година.
Конференцијата не може да се состои во последователни дебати кои никаде не завршуваат. Тука сме на разговори за глобалното затоплување и мораме за тоа да донесеме решение, истакна Саркози.
Тој побара уште вечерва да се организира средба на која ќе се одржат сериозни разговори кои ќе резултираат со конечен текст што ќе биде прифатлив за сите земји учеснички на конференцијата./крај/бг/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.
Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.