Македонија
Почнува годинешната Галичка свадба
Првата сабота пред Петрводен со китење на бајракот во Галичник почнува традиционалната Галичка свадба која секоја година се одржува на верскиот празник Петровден
Годинава .на 47-та Галичка свадба младенци се 27-годишните Филип Шотаровски и Љупка Талевска, сега Шотаровска.Галичко потекло има зетот, поради што, уште по минатогодишниот конкурс на КУД „Кочо Рацин“ кога ниту еден од младенците немаше потекло од овој крај, било одлучено Филип и Љупка да бидат младенци на Галичката свадба годинава. Поради тоа годинава не бил распишан нов конкурс.Централната манифестација ќе се одржи утре кога младенците ќе се венчаат во црквата „Св. Петар и Павле“ и ќе ги поминат сите обичаи кои се вековна традиција за Галичката свадба. Се очекуваат илјадници посетители од земјава и од странство, кои ќе бидат дел од амбинетот на Галичката сведба – звуците на зурлите и тапаните, печалбарското оро „Тешкото“ и „Невестинско“, народните носии на учесниците, меѓу кои невестинската тешка 21 килограм, автентичните свадбарски обреди… Најголема посетеност на Галичка свадба имаше во 1996 г. кога манифестацијата ја следеа околу десет илјади посетители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Курто Дудуш ги повика скопјани Новата Година да ја дочекаат во Шуто Оризари: „Данела има недостаток на идеја“
Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декемри да дојдат на плоштадот во општината, најавувајќи богата музичка програма.
„Покрај недостатокот на елементарна способност за обезбедување на основни јавни услуги, Данела има недостаток на идеја, волја и желба да се усреќат сограѓаните барем за нивогодишните празници, оставајќи ја најубавата јавна површина во градот штура, нема и без програма. Затоа, ги поканувам сите граѓани на градот Скопје на 31ви декември да ни бидат гости на плоштадот во општина Шуто Оризари, каде што ќе можат ја доживеат новогодишната атмосфера во полн ек.
Богата денска и вечерна програма, за сите генерациии, со почеток од 12:00 часот со програма за нашите најмали па продолжување на забавата се до утринските часови со богатата Ромска музика и песна“, порача Дудуш.
Македонија
ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи
По последните случувања во Република Албанија, убиството на 14-годишното момче и следствено на тоа, воведената рестрикција на Тик Ток, Либерално-демократската партија потсетува на предлогот за забрана на содржини кои поттикнуваат насилство на мрежата Тик Ток и регулирање на содржините на другите социјалните мрежи кои ги користат малолетници.
ЛДП уште еднаш потсетува на предлогот кој минатата година го достави до МОН непосредно по немилите настани во соседна Србија, со кој се бара контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржини кои поттикнуваат насилство.
„Апелираме до сите вклучени страни за започнување на итна постапка за регулација и контрола на содржината на социјалните мрежи, со цел спречување и избегнување на идни вакви немили настани и несакани состојби, особено кога се работи за здравјето и добросостојбата на нашите деца. Не смееме да дозволиме уште деца да бидат жртви на злоупотребата на Тик Ток и останатите социјални мрежи. Република Албанија е првата земја во регионот која го забранува Тик Ток, откако премиерот Еди Рама директно ги обвини социјалните мрежи за споделување и поттикнување на насилство меѓу децата во и надвор од училиштата, а кулминираше со смртта на 14-годишно момче во ноември. Франција, Германија, Белгија и други земји веќе имаат воведено рестриктивни мерки на сила за регулирање на употребата на социјалните мрежи од страна на малолетниците“, дополнуваат од ЛДП и додаваат:
„Кај нас, Тик Ток беше актуелен неодамна, откако повеќе деца беа повредени додека го изведуваа предизвикот „Супермен“, каде најмладиот од повредените има само 10 години, а најстариот 17 години. Децата стануваат жртви на опасни игри кои се пласираат преку социјалните мрежи. Тие содржини, под маската на „забава“, претставуваат сериозна закана за нивното физичко и ментално здравје, а ние како општество мора да преземеме одговорност и да ги спречиме ваквите несреќи. Немањето соодветна контрола врз содржините кои се достапни на социјалните мрежи овозможува ваквите „игри“ да стигнат до најранливите корисници. Како општество имаме обврска да направиме сѐ што е во наша моќ за да ги заштитиме од штетните влијанија на социјалните мрежи и да им овозможиме среќно и безгрижно детство“,
Македонија
Забрането движење за товарни возила кај Пресека и Кичево-Гостивар
Забрането е движење на товарни моторни возила на патните правци Охрид-Кичево (Пресека) и Кичево-Гостивар, информираа од АМСМ.
Забраната е воведена во 12.15 часот.