Македонија
Иванов: Секој кој ќе помисли на инциденти, ќе се соочи со најостри санкции
Изборите треба да ја потврдат демократската зрелост на земјата и да го потврдат капацитетот на сите учесници во изборниот процес за спроведување на избори согласно највисоките демократски стандарди.
Изборите треба да ја потврдат демократската зрелост на земјата и да го потврдат капацитетот на сите учесници во изборниот процес за спроведување на избори согласно највисоките демократски стандарди.
Ова е заедничката констатација за значењето на претстојните парламентарни избори на средбата меѓу претседателот Ѓорге Иванов и Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ / ОДИХР за предвремените избори, Џулијан Пил Јејтс.
Иванов очекува натпреварот да биде конструктивен и да биде легитимен натпревар за власт, натпревар на предлози и идеи.
„Сакам да нагласам, дека кој и да помисли да предизвикува инциденти или нерегуларности на изборите, и со тоа да ни нанесе штета на сите нас како општество, ќе се соочи со најстрогиот можен институционален одговор,“ нагласи Претседателот Иванов на средбата со Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ / ОДИХР.
Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ / ОДИХР посочи дека на изборите сите учесници треба да ја исполнат својата улога. Тој додаде дека мисијата ќе ги оценува изборите од аспект на усогласеност со принципите за демократски изборни процеси, преземените обврски од сите држави-членки на ОБСЕ, како и со националната законска регулатива.
Набљудувачите ќе го анализираат спроведувањето на изборниот процес од повеќе аспекти како работата на ДИК и изборните органи, однесувањето на сите учесници во изборниот процес, мониторинг на медиумите, изборниот ден.
Претседателот Иванов потсети дека од почетокот на годината лично свика неколку лидерски средби со цел да го поттикне и олесни политичкиот дијалог, да придонесе кон намалување на жестоката реторика и анимозитетот во јавниот простор, кои се рефлектираат директно врз граѓаните.
„Очекувам политичките партии, нивните лидерства и членови, во изборниот процес да се придржуваат во рамките на јавната пристојност, и во нивното политичко дејствување да се водат од државните и интересите на граѓаните. Република Македонија и нејзините граѓани имаат докажано дека поседуваат капацитет за да обезбедат фер и демократски избори. Граѓаните на Република Македонија поседуваат голема политичка свест и зрелост за реализација на такви избори. Силно верувам дека тоа на 5 јуни уште еднаш ќе го докажеме“ рече Иванов./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

