Македонија
Неизвесна средбата Милошоски – Ламбринидис во Будва
Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, во рамки на учеството на два регионални состаноци во црногорскиот град Будва, ќе се сретне со своите колеги од Хрватска, Црна Гора, Албанија и Србија, Гордан Јандроковиќ, Милан Роќен, Едмонд Хаџинасто и Вук Јеремиќ, информираат од МНР.
Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, во рамки на учеството на два регионални состаноци во црногорскиот град Будва, ќе се сретне со своите колеги од Хрватска, Црна Гора, Албанија и Србија, Гордан Јандроковиќ, Милан Роќен, Едмонд Хаџинасто и Вук Јеремиќ, информираат од МНР.Неизвесно е дали Милошоски ќе се сретне со новоименуваниот шеф на грчката дипломатија Ставрос Ламбринидис, кој сеуште не е пристигнат во Будва, неофицијално, поради штрајкот во Атина.Претходно, македонското МНР упати покана за средба, на која сеуште нема официјален одговор. Инаку, Милошоски денеска учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, како и на состанок на Јадранската повелба.На првиот состанок е предвидено министрите да разменат мислења за натамошно промовирање на европските перспективи на регионот, со посебен фокус на регионалната соработка.На состанокот на Јадранската повелба, на кој се очекува и учество на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, ќе се разговара за прашања поврзани со Евроатланската интеграција на регионот како и за операциите на Алијансата во Авганистан. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

