Македонија
Аеродром нуди локации за градба

Општина Аеродром во соработка со Сојузот на стопански комори денеска на потенцијалните инвеститори им ги презентираше можностите за инвестирање во општината што ги нудат деталните урбанистички планови (ДУП)
Преку 3Д презентација наречена „Вистинско место за вашите инвестиции“, градоначалникот Ивица Коневски понуди неколку слободни локации на кои според Деталниот план се предвидува изградба на резиденцијални објекти, станбени згради, висококатници, основни и средни училишта, градинки, болница, деловни комплекси.На локацијата „Бисер АРМ“ предвидена е изградба на четири резиденциски објекти, што според Коневски ја зголемува атрактивноста на општината, а кај амбасадите веќе постои голем интерес. На оваа локација исто така е предвидена изградба и на една болница и 15 станбени згради.Во „Индустриската зона“ на улицата „“ 3 –та Македонска бригада“ предвидена е изградба на 15 згради и мали комерцијални објекти.Коневски очекува наскоро да се реши сопственоста на земјиштето на локацијата кај воените бараки позади Тобако 2, каде според ДУП –от се предвидува изградба на 46 станбени згради.Во населбата Ново Лисиче во близина на поштата предвидена е изградба на 13 згради и едно основно училиште, а на крајот на оваа населба во планот се предвидени 29 семејни згради и 2 комерцијални објекти и едно средно училиште. Според Коневски интересот за семејни згради за овој дел од општината е особено голем кај инвеститорите, веќе е започната изградбата на 14 згради, а останатите 15 ќе се градат во следнава година.Коневски вели дека откако ќе се донесе ДУП –от за Горно Лисиче во овој дел кое е продолжение на населбата Ново Лисиче се очекува изградба на шест семејни згради.На територијата на општина Аеродром во план е изградба и на хотел, аква парк, спортска сала, фудбалски игралишта, плоштад за кои земјиштето веќе е продадено на инвеститори и се очекува овие објекти да бидат завршени до крајот на 2012 година.Градоначалникот Коневски на денешната презентација истакна дека со овој проект за презентација на можностите за инвестиција се очекува да се постигне бенефит и за општината и за бизнисот на потенцијалните инвеститори, а планирана е изградба на современи градби кои ќе ја направат општината најпосетена.Според претседателот на Сојузот на стопански комори Златко Калеников, презентацијата претставува можност, да се видат сите места за инвестиции, а воедно и да се укаже на пропустите во организираното инвестирање.„Голем проблем кај нас е што нема соработка меѓу партиите и затоа еден наш прекрасен проект за организирано инвестирање заглави во локалната самоуправа, во општините на едни од опозициските партии – додаде Калеников.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии.
„Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат од обични прес – конференции. Премногу е сериозно и важно прашањето да биде само предмет и обид за некаков дневно политички партиски интерес од страна на ВМРО ДПМНЕ. Сметам дека треба да се направи како предлог во Собранието бидејќи е нешто во што треба да учествуваат сите политички партии. Доколку има таков сериозен предлог ние апсолутно ќе го ќе го поддржиме“, рече Филипче.
Посочи дека ВМРО ДПМНЕ должат пред јавноста да образложат каков план имаат за одблокирање на евроинтеграциите.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
(Видео) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска (18.07.2025), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.
При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода, соопшти МВР.
Пожарот, како што информираат се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.