Македонија
Иванов: Политичарите да се воздржат од злоуптреба на жртвите од 2001-та
Денеска Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со претставниците на семејствата на исченатите во конфликтот од 2011 година.
Денеска Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со претставниците на семејствата на исченатите во конфликтот од 2011 година.Како што информираат од /Кабиентот на Претседателот на државата, Иванов ги сослушал мислењата и ставовите на семејствата на лицата кои се водат како исчезнати во воениот конфликт во 2001 година.Притоа, претседателот Иванов изразил „длабоко сочувствува со болката на семејствата“, се наведува во соопштението од неговиот кабиент.Иванов апелираше до сите политички фактори во земјата, да се воздржат од злоупотребата на тешката положба во која се наоѓаат семејствата на цивилните жртви од судирите во 2001 година./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен
Сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Македонија
Јаневска – Рокас: соработката со Европската унија е од суштинско значење за реализација на планираните образовни промени
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Делегацијата на Европската унија, Михалис Рокас.
Посакувајќи му успешен мандат, Јаневска се заблагодари на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на ЕУ во процесот на реформирање на националниот образовен систем.
На средбата, таа ги претстави тековните активности и планот за поквалитетно образование на сите нивоа.
„Стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен стимул и значаен фактор на кохезија за македонските граѓани, кои пак, од нас како Влада очекуваат современо и модерно образование. Истрајни сме во определбата да ги реализираме промените кои ги претставивме на почетокот на нашиот мандат. Оптимизам и решителност постои, а соработката со Европската унија е од суштинско значење за остварување на зацртаната цел, рече Јаневска на средбата.
Евроамбасадорот укажа на подготвеноста на ЕУ и понатаму да биде посветен партнер на државата во градењето современ образовен систем, кој ќе образува европски граѓани.
Македонија
Сиљановска Давкова – Гутереш: Не смее да се дозволи, билатерализацијата во случајот со македонската евроинтеграција да стане камен на сопнување за проширувањето
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.
На средбата претседателката ги потенцираше принципите на светската организација како основа на којашто мора да функционира меѓународниот поредок, без разлика дали се работи за мали или големи држави. Таа на својот соговорник му посочи дека во случајот со македонската евроинтеграција не смее да се дозволи билатерализацијата да стане камен на сопнување за проширувањето на Европската Унија, која е настаната како мировен процес.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, на средбата искажа лутина поради пречките коишто Северна Македонија ги има на патот кон Европската Унија. Порачувајќи дека е голем почитувач на македонската евроинтеграција, во разговорот тој ја потенцираше својата лична солидарност за напорите на земјата да биде дел од ЕУ.
Генералниот секретар како добар познавач на процесите на евроинтеграција и состојбата во регионот на Западен Балкан, нагласи дека македонската евроинтеграција, целосно заслужено, треба да се случи колку што е можно побрзо.