Свет
За еден викенд 500 земјотреси во Индонезија
Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава може да еруптира следните неколку денови, а изминатиот викенд од неговиот кратер почна да избива чад, да се разлева лава а регистрирани се околу 500 земјотреси, од кои последниот во понеделник попладне со магнитуда од 7,5 степени по Рихтер
Како што соопштија американскиот Геофизички институт и Пацифичкиот центар за предупредување од цунами можна е појава на плимен бран, но не е предвидена поголема опасност. Според Индонезиската сеизмолошка служба којашто исто така предупреди на појава од цунами, а според неа земјотресот од понеделник попладне имал магнитуда од 7.2 степени по Рихтер, со епицентар 78 километри северозападно од островот Јужни Пангаи на длабочина од десет километир. Се уште нема извештаи дали во земјотресот има жртви и повредени, како и за евентуални материјални штети.„Магмата се поткрева кон врвот заради сеизмичката енергија и сега е еден километар под нивото на кратерот“, соопштиле индонезиските вулканолози, а тамошните власти наредија евакуација на населението. Степенот на тревога во Индонезија е зголемен на најголемото множно ниво, што предвидува во најкус можен временски рок да се евакуира населението од територијата со радиус од десет километри од кратерот на вулканот Мерапи. Овој вулкан е најактивниот од сите 69 активни индонезиски вулкани. Последната ерупција на овој вулкан кој е на височина од 2.914 метри се случила во 2006 г. кога загинале две лице. Вулканолозите сметаат дека енергијата од вулканот сега е посилна од претходната ерупција, но немаат показатели дека ерупцијата би можела да биде исто така експлозивна како и онаа од 1930 г. Кога е забележана најстрашната ерупција во која загинаа 1.300 луѓе.Индонезија се наоѓа во ткн. Огнен прстен во Тихиот Океан, подрачје во кое на спојувањето на континенталните плочи се случува силна сеизмичка активност. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени на 30-ти септември минатата година го погоди индонезискиот остров Суматра, во кој загинаа повеќе од илјада лица. Во декември 2004 г., северо-западниот брег на индонезискиот остров Суматра беше погоден од еден од најсилните земјотреси во светот изминатите 40 години, при што беше предизвикано разорно цунами од кое настрадаа стотици илјади луѓе во 12 земји во Индискиот Океан. Серија земјотреси ја тресеа Папуа и во средината на јуни кога загинаа три лица, а Индонезија на 12-ти февруари годинава беше погодена од силен земјотрес во кој 60 лица беа повредени а илјадници и луѓе останаа без домови.На 26-ти август 1883 г. е забележана ерупцијата на познатиот вулкан Кракатау, кој се наоѓа во Зондскиот теснец меѓу Јава и Суматра. Тогаш почнала првата ерупција која траела до утрото на 27-ми август. Од потресите на околните острови биле уништени многу домови. На 27-ми август, околу 10 часот утрото се случила огромна експлозија, а еден час подоцна и втората вулканска експлозија со иста голема сила. Се проценува дека повеќе од 18 кубни километри камени фрагменти и пепел биле исфрлени во атмосферата.Цунами брановите предизвикани од експлозиите, ги опустошиле градовите, селата и шумите на бреговите на Јава и Суматра. Многу острови исчезнале под водата заедно со населението. Цунамито од оваа легендарна ерупција на Кракатау било толку моќно што било почуствувано на целата планета. Тогаш на Јава и на Суматра исчезнале вкупно 295 градови и села, при што загинале повеќе од 36 илјади луѓе, а стотици илјадници луѓе останале без домови. Катаклизмата го изменила брегот на Суматра и Јава до непрепознатливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

