Свет
Два силни земјотреса на Филипини
Два земјотреса со магнитуда околу 7 степени по Рихтер ноќта ко сабота ги погодија Филипини, но без опасност од цунами, соопшти Геолошката агенција на САД
Во случајов посилен се покажал афтершокот на земјотресот кој се случил околу 1 часот по полноќ по македонско време. Неговата магнитуда изнесувала 7,4 степени по Рихтер, со епицентар на 115 километри југо-западно од градот Котабато на островот Миндао. Магнитудата на првиот земјотрес изнесувал, пак, 6,9 степени. Според податоците на американскиот Пацифички центар за следење и предупредување од цунами, не се јавил цунами бран.Не се приајвени жртви и поголеми материјални штети, но населението ги напуштило објектите и на улиците го чекало смирувањето на почвата. Вториот по големина островски архипелаг на планетата, Филипинскиот често е погодуван од земјотреси и од вулкански ерупции, бидејќи се наоѓа во составот на ткн. Пацифички огнен прстен, на судирот на плочите по Индискиот и Тихиот Океан односно на азиската континентална плоча. Нивното постојано приближување предизвикува многу чести и силни потреси во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка се сомнева дека Трамп ќе се обиде да го заземе Гренланд со сила
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека не верува дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.
„Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, рече данската премиерка.
Фредериксен рече дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен, додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, пренесува Anadolu.
Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.
„Предложивме разговор. „Мислам дека ништо конкретно нема да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател“, рече Фредериксен.
Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, повторно го покрена контроверзното прашање на платформата Truth Social.
„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на Соединетите држави.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожарот, пишува „Пејџ сикс“. Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.