Македонија
Неделковска: Неетичко и непрофесионално однесување на адвокатите од „Пајажина“
Неетичка и непрофесионална е вчерашната реакција на адвокатите на 14-те обвинети во случајот „Пајажина“, реагира претседателката на Основниот суд 1, Лидија Неделковска
Според неа, не е етички да зборуваат и да откриваат детали од доказите што се добиени со посебни истражни мерки, затоа што како што појаснува Лидија Неделковска тоа се класифицирани информации и со изнесувањето на вакви информации адвокатите го прекршуваат Законот за класифицирани информации.Како што вели Неделковска вакви докази има уште и допрва ќе им бидат презентирани на обвинетите.Во четвртокот адвокатите на притворените во „Пајажина“ реагираа за тоа што на обвинетите им биле прикажувани снимки од приватниот живот.„Имавме прилика да видиме снимки коишто од правен аспект се многу проблематични. Мислам дека правата оценка може да се даде за нивниот квалитет по гледањето на целиот материјал. Но паѓа во очи фактот што на денешното рочиште не беше присутен јавниот обвинител за да ни појасни на пример во каква врска се некои лични приватни работи на притворените со даночно затајување перење пари. На пример имаше снимки кога се оди на тенис, кога се оди на риболов, кога се оди на лов , кога се оди на лекар”, појасни адвокатот Стеван Павлески што видел на снимките.И адвокатот на Велија Рамковски, Мирослав Вујиќ, зачуден од снимките. Тој рече дека и самиот бил снимен и се видел како пие кафе со правниот застапник на А1 телевизија и Емел Рамковска, ќерката на Велија.„Постојат наводно и транскрипти од телефонски разговори. Доколку остане ова што е дадено сите треба да се замислиме каде живееме и кој е тој што треба да го спроведува законот. За што се користат посебните истражни мерки некој треба добро да размисли. Ова не може да бидат докази за финансиски материјал. Валиден доказ би било само вештачење кое и го бараме”, изјави Вујиќ.Пет часа во Основниот суд 1 во Скопје во судница беа притворените од случајот „Пајажина“. Рамковски и неговите роднини и соработници придружувани од нивните бранители, со истражниот судија гледаа цедиња на кои биле снимени од полицијата. Тоа е дел од доказниот материјал на Обвинителството. Видео материјалите биле снимани 4 месеци. Во судницата не се појавила обвинителката за која судијата појаснил дека има уредна покана, но не знае и нема оправдување зошто не дошла
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз“ во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ
Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.
„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз“. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена“, рече Лимани.
Според Лиман, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.
„По парламентарните избори нод 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата ВЛЕН, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови“, рече Лимани.
Македонија
Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај
Санкционирани се 157 возачи на територијата на целата држава, при полициски контроли за време на празничниот 1 Мај.
Од нив 41 на територија на СВР Куманово, по 34 на територија на СВР Битола, објави МВР.
За време на контролата санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Македонија
Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото
Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
На прес-конференција тој тврдеше дека не може да има Влада без двојно мнозинство, повикувајќи се на Рамковниот.
„Охридскиот рамковен доведе до две мнозинства, 61 и мнозинство по Бадентер. Забораваме и размислуваме само за едното мнозинство од 61. Едното секогаш оди со Бадентеровото. Ќе треба време за да ја сфатиме логиката на Охридскиот договор. Рамковниот договор има механизми за заштита на заедниците од надгласување, не е за заштита на мнозинската заедница. Затоа бара покрај 61 и Бадентерово мнозинство. Јалови се сите обиди да се потцени второто мнозинство при било кои избори по 2001 година“, рече Османи.
Тој упати низа обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ, мѓу кои дека секојдневно рециклираат националистички тези, флертуваат со проруски интереси, отворено се закнуваат на, како што рече, славното востание од 2001, ги зголемуваат тензиите меѓу етничките и верските заедници, додека ДУИ гарантираат стабилност и соживот.
Во врска со тоа како ќе настапат во вториот круг од претседателските избори, односно дали и кој од двајцата кандидати ДУИ ќе го поддржат, одлуката ќе биде соопштена во наредните денови.