Свет
Судија и заменик-јавен правобранител бесправно делеле земјиште
Одделението за организиран криминал при МВР поднесе кривични пријави против судија од Основниот суд во Виница и заменик-јавен правобранител за подрачјето на Кочани поради злоупотреба на службената должност.
Одделението за организиран криминал при МВР поднесе кривични пријави против судија од Основниот суд во Виница и заменик-јавен правобранител за подрачјето на Кочани поради злоупотреба на службената должност. Според полицијата, во текот на 2004 година скопјанецот М.Г (53), инаку судија во Основниот суд во Виница, без материјални докази и законска основа, на М.К. му доделил 20.650 квадратни метри државно земјиште во месноста Џиџевац, атар на село Лаки, Кочанско.
Заменик-јавниот правобранител Ј.Д.(64), поднел жалба против пресудата, а подоцна без образложение ја повлекол, овозможувајќи пресудата да стане правосилна. Со ова двајцата на М.К. му овозможиле бесправно да се стекне со 460.010 денари на штета на Буџетот. (М.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе, кои се најдобри во професијата судии, пренесува „Ројтерс“.
Свет
Германските компании сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде што поради падот на нарачките, се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои и две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои и две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и заринка на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, а бројот на патниците на бродот сè уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража почна спасувачка операција користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.