Македонија
Улицата „Теодосиј Гологанов“ ќе стане булевар
Со Предлог програмата за развој 2011-2013 година се претставени визиите и главните проекти за кои ќе треба повеќегодишно финансирање, а се потребни за граѓаните, рече на денешната седница на градскиот совет, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Градоначалникот од целосната програма спомна дел од проектите кои ги смета за покрупни приоритетни проекти. Меѓу нив се најдоа воведувањето на географски информативен систем, дигиталната архива, интегрираниот информативен систем, донесувањето на генералниот урбанистички план на Скопје како и воведувањето на современи методи за следење и потрошувачка на уличното осветлување.„Во приоритетните проекти кои ќе бидат финансирани од неколку буџети сакам да ги издвојам реконструкцијата и проширувањето на булеварите Македонска војска, Србија, Илинден, Првомајска, како и изградбата на Христијан Тодоровски Карпош, кој целосно ќе се заврши доколку имаме помош од Владата, како и претворање на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во булевар“, рече градоначалникот Трајановски. Трајановски најави дека тендерот за изградба на мостот во Сарај ќе биде објавен во март или април 2011 година. Градоначалникот додаде дека оваа година ќе се направи и реконструкција на многу мостови и надвозници, но нема да изостане и реконструкцијата на фасадите, ревитализацијата на езерото Треска, на Вардариште, како и на училишните згради и спортски сали. /крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

