Свет
Пјонгјанг провоцира нуклеарна војна?
Откако Северна Кореја соопшти дека успешно ја тестирала својата нуклеарна бомба, јужнокорејската војска е ставена во состојба на подготвеност, Јапонија најави остра акција, а американскиот претседател Обама тоа го прогласи за безбедносна закана
По соопштението дека е тестирана втората нуклеарна бомба, Пјонгјанг во понеделник попладне издаде соопштение дека лансирале две ракети со кус дострел. Според проценките на јапонскиот метеоролошки институт оваа експлозија била четири, а според руското министерство за одбрана дури до 20 пати помоќна од 0,8-килотонската нуклеарна бомба која Северна Кореја ја тестираше во 2006 г. А тоа би било еднакво на американската атомска бомба која беше фрлена врз Хирошима во 1945 г. Тестирањето според јужнокорејските и руските извори е направено на полигонот крај градот Киџуа, на северот во државата. По првото соопштение за успешното тестирање на бомбата, севернокорејската државна новинска агенција KCNA подоцна соопшти дека оваа проба билa, како што го пренесува интегрално соопштението на власите во Пјонгјанг New York Times „.. разрешување на научните и технолошките проблеми кои произлегувале од натамошните зголемување на силата на нуклеарното оружје и развивање на нуклеарната технологија“. Кај соседите и другите светски сили, оваа проба предизвика страв дека Северна Кореја напредувала во технологијата што ќе и’ овозможи нуклеарна боева глава да биде ставена во проектил кој беше тестиран денеска или, пак, во долгострелниот Раеподонг-2, кој беше тестиран во април, а кој има дострел до Алјаска или до Хаваите. Остри меѓународни реакции Прва денеска реагираше Русија, преку соопштение на тамошното Министерство за надворешни работи во кое се вели дека тестирањето претставува ескалација на тензиите во Азија и закана за безбедноста и стабилноста на регионот. Подоцна реагираше и Пекинг, кој иако е благонаклонет кој Пјонгјанг, официјално соопшти дека решително се противи на нуклеарната проба. „Кина остро бара Северна Кореја да го одржи ветувањето за денуклеаризација и да престане со сите активности кои можат дополнително да ја влошат ситуацијата“, стои во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.Американскиот претседател Барак Обама изјави: „Обидот на Северна Кореја да развие нуклеарно оружје, како и нејзината програма за балистички ракети, претставува закана за меѓународниот мир и безбедноста. Опасноста од активностите на Северна Кореја побаруваат остра акција на меѓународната заедница“.Мотивите на Пјонгјан Светските медиуми во понеделникот се полни со мислења на аналитичари кои го разгледуваат актуелниот момент во кој Пјонгјанг токму сега се реши на пробата за која знаеше дека ќе биде голема светска провокација. Според некои гледишта, Северна Кореја бара да стане американски приоритет и да биде призната како нуклеарна сила за да придобие сериозен однос од страна на меѓународната заедница при преговорите. Односно, бидејќи администрацијата на Обама во изминативе четири месеца вниманието го насочила кон Блискиот Исток и на односите со Русија, Пјонгјанг се обидува да го сврти вниманието на меѓународната заедница кон себе, откако не успеа процесот со двете американски новинарки за наводно илегално влегување на севернокорејската територија од Кина. Другата теорија е дека ова е порака до Сеул, по доаѓањето на власт на јужнокорејскиот претседател Ли Мјунк-бак, кој помошта од неговата држава за Северна Кореја ја условува со подобрување на човековите права и укинување на нуклеарната програма. Во тој контекст се споменува и самоубиството на поранешниот јужнокорејски претседател Рох Му-хјун кој беше обвинет за корупција, а Мијунг-бак инсистираше на истрагата. Дел од американските аналитичари сметаат дека можеби севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ил кој претрпе мозочен удар, пред именувањето на својот наследник сака да ја обезбеди поддршката на воениот врв. На пример, се споменува дека во Националниот совет на одбраната Јонг-ил го именувал својот шура Јанг Сеонг-таек кој заедно со воените началници и челниците на Работничката партија треба да го обезбедат непречениот пат на 26-годишниот негов син Ким Јонг-ун постепено да дојде на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

