Македонија
Средба Бесими – Клинтон на Молитвениот појадок во Вашингтон
Министерот за одбрана Фатмир Бесими имал кратка средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Молитвениот појадок во Вашингтон, организиран од претседателот Барак Обама.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими имал кратка средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Молитвениот појадок во Вашингтон, организиран од претседателот Барак Обама.
Како што се соопштува од Министерството за одбрана, Бесими за време на појадокот остварил и неколку средби со преставници на Конгресот и Сенатот, на кои, како што се вели, бил потенциран успешниот реформски процес кој непрекинато тече во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија, а воедно била потврдена и цврстата детерминираност на Македонија за членство во НАТО-алијансата.
Во македонската делегација, покрај Бесими, беа и шефот на дипломатијата Никола Попоски, министерот за образование Панче Кралев и пратеници од Собранието.
Во рамки на престојот во Вашингтон, Бесими во Атланскиот совет ги презентираше и досегашните достигнувања на Македонија во насока на исполнување на критериумите за членство во северноатлантската алијанса, потенцирајќи дека тоа е процес кој ужива голема поддршка во земјата. Како што истакнал министерот, членството во НАТО, гледано во поширока смисла, би овозможило регионот да ги избегне предизвиците кои можат да се јават поради застојот во овој интегративен процес и да стане кредибилен придонесувач кон глобалниот мир, што е од интерес на Македонија, на регионот вклучувајќи ја и Грција, но и на НАТО, во целина.
Бесими се сретна и со претставници на Обединетата Македонска дијаспора и Албанско-американскиот совет на која побарал поддршка за македонските интереси во однос на интеграција во НАТО. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

