Свет
Гадафи: Ал Каеда и Бин Ладен стојат зад немирите во Либија

Либискиот лидер, Муамер Гадафи, изјави денеска дека шефот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, стои зад бунтот во земјата, додавајќи дека следбениците на таа терористичка организација им ставаат на младите Либијците халуциногени апчиња во кафето за да ги поттикнат да се бунтуваат
Како што објавија светските агенции, либискиот водач Моамер ел-Гадафи во телефонскиот разговор на државната телевизија во Либија изразил жалење поради смртта на загинатите во градот Завиј, но ги критикувал жителите на градот, бидејќи тие им се придружиле на демонстрантите.Според изјавите на очевидци, во нападите на безбедносните сили, лојални на Гадафи, врз една џамија утрово загинале десет луѓе. Завиј се наоѓа 50 километри западно од главниот град Триполи.Либискиот лидер рекол дека оние што протестираат му се „лојални на Осама бин Ладен.”„Ова е Ал Каеда, против која се бори целиот свет”, изјавил Гадафи.Гадафи ги повика Либијците да им го запленат оружјето на демонстрантите, кои ја презедоа контролата врз големи делови на земјата.„Нашиот систем е многу јасен: одземете им го оружјето”, советувал Гадафи.„Имам само морален авторитет”, рекол либискиот лидер кој себеси традиционално се претставува како лидер на народната револуција, а не како шеф на државата во традиционална смисла.Глобалната исламистичката терористичка организација Ал Каеда им вети помош на бунтовниците во Либија.„Ал Каеда ќе ја даде сета својата помош за соборување на водачот на либиската револуција полковникот Моамер Гадафи“, пишува во соопштението на оваа организација, објавено во вторникот доцнаВчерашната ситуација во Либија покажува дека властите се решителни да ја повратат контролата над богатите со нафта источни подрачја на земјата.Народниот комитет за безбедност на Либија ги повика бунтовниците веднаш да го одложат оружјето заканувајќи се дека во спротивно „ќе ја исчисти земјата, од куќа до куќа“, јави либиската државна телевизија,Во замена за информации за водачите на бунтот, либиските власти во сабајлешното соопштение ветија солидни парични награди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Саудијците го пречекаа Трамп како крал – му купија и мобилен „Мекдоналдс“

Саудиска Арабија подготви раскошен пречек за американскиот претседател Доналд Трамп во Ријад, каде што тој слета денес, буквално на тепих од лаванда.
Во 2021 година, Саудиска Арабија го замени традиционалниот црвен тепих со лаванда, наведувајќи дека бојата е инспирирана од „природното наследство на Саудиска Арабија“, имено сезонските цветања на лаванда во пустинските региони на земјата.
Саудиска Арабија очигледно се погрижи на американскиот претседател ништо да не му недостасува за време на неговата посета на Блискиот Исток, дури ни неговата омилена брза храна.
Според американските медиуми, Саудијците обезбедиле мобилен ресторан на „Мекдоналдс“ во случај Трамп да не стигне до една од многуте постоечки филијали во земјата.
Yes, it’s a mobile @McDonalds here in Riyadh. pic.twitter.com/Y6T2EBDbQf
— Mordechai Wagenheim (@Mike_Wagenheim) May 13, 2025
Трамп е познат по својата склоност кон брза храна, а за време на кампањата дури и им служеше на гостите во „Мекдоналдс“ во Пенсилванија.
Но, разликата во протоколот беше видлива и на друго ниво, политичкото.
За разлика од посетата на поранешниот американски претседател Џо Бајден во 2022 година, кога саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман испрати делегација да го пречека на аеродромот, Трамп денес беше лично пречекан од бин Салман на скалите од претседателскиот авион.
Да потсетиме дека пред да пристигне во Саудиска Арабија, Бајден изјави дека ќе го „изолира кралството“ поради убиството на новинарот Џамал Кашоги и кршењата на човековите права. Трамп, од друга страна, одржува блиски политички и деловни врски со кралското семејство уште од својот прв мандат.
Свет
Трамп ги укина санкциите за Сирија : „Со среќа Сирија, покажи ни нешто многу посебно“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес објави дека ќе нареди укинување на санкциите врз Сирија на барање на саудискиот престолонаследник, што е огромен поттик за привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шари и неговите напори за стабилизирање на земјата разорена од војна.
Трамп го објави ова ненадејно за време на регионалната турнеја што ја започна во Саудиска Арабија. Белата куќа објави дека Трамп ќе биде пречекан од ал-Шари за време на неговата посета на Саудиска Арабија, што укажува дека средбата меѓу американскиот претседател и поранешниот командант на Ал Каеда, кој помина пет години во американски затвор во Ирак, ќе се одржи во среда.
САД воведоа строги санкции врз Сирија за време на владеењето на Башар ал-Асад и ги одржуваат на сила откако ал-Асад беше соборен од власт во декември по повеќе од 13 години војна.
Трамп рече дека ќе ги укине сите санкции врз Сирија, објаснувајќи дека тие имале важна функција, но дека сега е време Сирија да продолжи напред.
„Ќе наредам укинување на санкциите против Сирија за да им дадам шанса да успеат“, рече Трамп на инвестициски форум во Ријад.
„Нивно време е да блеснат“, рече Трамп. „Со среќа Сирија, покажи ни нешто многу посебно“, рече американскиот претседател.
Ал- Шари беше лидер на официјалното крило на Ал Каеда во сирискиот конфликт со години, пред да ги прекине врските со глобалната џихадистичка мрежа во 2016 година.
Хајат Тахрир ал-Шам, групата предводена од ал-Шари, која официјално беше распуштена во јануари, е прогласена за терористичка организација од САД и ОН.
Свет
Русија потврди дека ќе оди на преговори со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пак, се обрати вечерва во видео на платформата X. „Во тек се итни интервенции по нападот со руски беспилотни летала врз Харков. Уште еден напад врз енергетски објект – исклучиво цивилен. Русија останува она што е“, рече Зеленски.
„Додека сите чекаат одговор од Русија на предлогот за примирје и директни преговори, тие одговараат со нови удари и напади. Затоа е неопходен притисок“, рече тој.
Зеленски потврди дека украинскиот тим активно се подготвува за преговори во Турција и дека ставот на Украина денес им бил презентиран на сите партнери.
„Путин е оној кој одлучува за сè во Русија, па затоа тој е оној кој мора да ја запре оваа војна. Ова е негова војна. Затоа, преговорите мора да бидат со него“, рече Зеленски.
Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, изјави дека не верува оти средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи оваа недела во Турција.