Свет
Абас: Нема преговори ако Израел не прифати палестинска држава
Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно ја исклучи можноста за продолжување на преговорите ако Израел не прифати решение кое
Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно ја исклучи можноста за продолжување на преговорите ако Израел не прифати решение кое што се темели на создавање палестинска држава.
„За што ќе преговараме ако Израел не сака да прифати решение кое што се темели на две држави?“, праша Абас давајќи изјава за новинарите во Рамала.
Абас истовремено го повика Израел да ги „почитува своите обврски предвидени во првата фаза „мировни насоки“, односно прекин на ширењето на еврејските населби.
„Мировните насоки“, меѓународен мировен план го објави Меѓународниот квартет за Блискиот исток (САД, Европска унија, Русија и ОН) во летото 2003 година, а предвидува создавање палестинска држава покрај Израел. Планот, главно остана само на хартија.
Абас посочи дека Палестинската самоуправа ги исполнила своите обврски од тие насоки. „Од нас се бараше повторно да воспоставиме ред и стабилност, што е сега направено“, рече Абас.
Сегашната израелска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху не сака да го прифати решението за конфликтот што вклучува создавање палестинска држава./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Инцидент пред посетата на Трамп: маж нападна полицаец со нож во близина на американската амбасада во Токио
Маж вооружен со нож е уапсен денес во близина на амбасадата на САД во Токио, објавија јапонските медиуми, а инцидентот се случил неколку дена пред планираната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на јапонската престолнина.
Еден полицаец е повреден во нападот, но степенот на неговите повреди е непознат, објави TBS News, според полициски извори.
Мотивот за нападот засега е непознат.
Трамп ќе се сретне со јапонскиот цар Нарухито и новоизбраниот премиер Санае Такаичи за време на неговиот престој во Јапонија од 27 до 29 октомври, објави јапонската влада, според Ројтерс.
Полициската управа во Токио мобилизирала дополнителни 18.000 луѓе за да ја зголеми безбедноста за време на посетата, објави претходно Kyodo News.
Фото: принтскрин
Регион
Силно невреме ја зафати Хрватска: паднати дрвја, покриви
Силниот дожд и ветер предизвикаа проблеми во делови од Хрватска, а особено драматично беше во Загреб, Славонија и Меѓумурје, каде што пожарникарите имаа полни раце работа, пренесуваат тамошните медиуми.
Пожарникарите од Загреб реагираа на 66 интервенции. Повеќето од нив вклучуваа отстранување на паднати дрвја, метални лимови, покриви и огради, испумпување вода и отстранување на заштитни огради и електричен столб.
Иако времето се смири, пожарникарите ги повикаа жителите на Загреб да бидат внимателни поради преостанатите скршени гранки или други штети.
Бурата погоди делови од Осиечко-барањскиот округ во текот на ноќта, каде што илјадници жители останаа без струја поради прекини во електричната мрежа. Пожарникарите работеа цела ноќ за да ги отстранат паднатите дрвја и другите пречки од патиштата.
До утрото, сите патишта беа проодни, а прекините во електричната мрежа постепено се санираат.
Илјадници без струја
Според податоците од Центарот 112 Осиек, првиот проблем започнал непосредно пред 2 часот наутро кога силните ветрови и активирањето на системот за заштита оставиле делови од населбите без струја, известува SiB.
Некои од дефектите беа поправени во текот на ноќта, а службите сè уште се на терен и работат на поправки.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Истражуваме начини за заобиколување на американските санкции врз руските нафтени компании
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата интензивно истражува начини за заобиколување на американските санкции воведени врз руските нафтени компании.
Орбан нагласи за државното радио „Кошут“ дека разговарал за оваа тема со претставници на унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата воведе санкции против Русија за прв пат во својот втор мандат, насочени кон Лукоил и Роснефт.
Фото: принтскрин

