Македонија
Македонскиот БДП далеку под европскиот просек
Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија по глава на жител изразен според куповната моќ изнесува само 32 насто од просекот на Европската унија
Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија по глава на жител изразен според куповната моќ изнесува само 32 насто од просекот на Европската унија.
Ова го покажаа првите проценки за 2008 година на статистичкото биро на Европската унија – Евростат, за земјите членки на ЕУ, кандидатите за членство, земјите од западен Балкан и членките на ЕФТА.
Помал БДП од Македонија имаат само Босна и Херцеговина – 30 насто од европскиот просек и Албанија со 25 насто.
Подобар просек од Македонија меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ имаат Хрватска (63%), па следуваат Црна Гора (46%), Турција (45%) и Србија (37%).
Бруто домашниот производ по глава на жител мерен според куповната моќ во државите членки на Европската унија варира од 253 проценти во Луксембург до 40 насто во Бугарија.
Над просекот, освен Луксембург, се Ирска (140%), Холандија (135%), Австрија (123%), Шведска (121%), Данска (119%), Обединетото Кралство (117%), Финска (116%), Германија (116%), Белгија (115%), Франција (107%), Шпанија (104%), додека Италија е точно на просекот.
Помал бруто домашен производ по глава на жител мерен според куповната моќ од европскиот просек освен Грција (95 %) и Португалија (75%), имаат новите земји членки на Европската унија и тоа Кипар (95%), Словенија (90%), Чешка (80%), Малта (76%), Словачка (72%), Естонија (67%), Унгарија (63%), Литванија (61%), Полска (57), Летонија (56%), Романија (46%) и Бугарија (40%).
Поголема куповна моќ имаат и членките на ЕФТА Норвешка (190%), Швајцарија (141%) и Исланд (119%)./крај/ес/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

