Македонија
Берзански извештај
При вчерашното тргување на Македонската Берза беше остварен промет од 1.184.410.270,74 денари
При вчерашното тргување на Македонската Берза беше остварен промет од 1.184.410.270,74 денари.
Најголем дел од прометот е остварен од блок трансакција на трансакција со акциите на ФХЛ Мермерен комбинат АД Прилеп.
Движењето на МБИ индекс во четвртокот беше во нагорна линија завршувајќи на 1.914,20 индексни поени односно порасна за 0,35 проценти. Индексот на јавно поседуваните друштва забележа пад од 0,29 проценти, а индексот на обврзниците падна за 0,51 проценти.
Во четвртокот почна да се тргува и со обврзниците од осмата емисија од денационализација. Вкупниот износ на емисијата е 23.000.000,00 евра содатум на достасување 01.06.2019 година. Уште првиот ден од нивното тргување направија најголем промет на Официјалниот Пазар, 4.315.995,30 денари. Се истргуваа 87.890 обврзници по цена од 79,96 проценти од номиналната вредност.
Втори по обем беа акциите на Реплек Скопје. Се истргуваа 37 акции по просечна цена од 46.000,00 денари. Вредноста на тргување со овие хартии од вредност изнесуваше 1.702.000,00 денари.
Трети по висина на промет на Официјалниот Пазар беа акциите на ТТК банка Скопје со кои се истргуваа 1.476 акции по просечна цена од 698,70 денари од акција и при тоа нивната цена падна за 6,84 проценти. Вредноста на тргување со овие акции беше 1.031.280,00 денари.
Нагорна промена на овој пазар забележаа акциите на Комерицјална банка Скопје кои пораснаа за 5,13 проценти или се тргуваа на цена од 2.246,00 денари. Се истругваа 5 акции, а со нив се оствари промет од 11.230,00 денари.
На Редовниот Пазар и понатаму како најатрактивни и најтргувани акции беа акциите на Македонски Телеком кои при вчерашното тргување. Акциите се тргуваа по цена од 439,38 денари, односно забележаа мал пад во однос на средата когас е тргуваа по цена од 442,00 денари. Се истргуваа 2.440 акции, а се оствари промет од 1.072.080,00 денари.
Втори по обем на тргување на овој пазар беа акциите Идевелоп Скопје кои се тргуваа по цена од 35,00 денари по акција, се истргуваа 4.100 акции, а вкупниот промет со нив изнесуваше 143.500,00 денари.
Нагорна промена на овој Пазар забележаа акциите на Арцелормиттал ХРМ Скопје кои се тргуваа по цена од 75,00 денари, односно забележаа пораст од 0,98 проценти. Се истргуваа 100 акции, а се оствари промет од 7.500,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Р.Македонија-денационализација 08
2. Реплек Скопје
3. ТТК банка Скопје
4. Македонски Телеком
5. Идевелоп Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Комерцијална банка Скопје 5,13 %
2. Арцелормиттал ХРМ Скопје 0,98%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Трансабалкан Гевгелија 27,91%
2. ТТК банка Скопје 6,84%
3. Макошпед Скопје 5,56 %
4. Попова Кула Демир Капија 4,85%
5. РЖ услуги Скопје 4,41%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Панична пропаганда се за Петрушевски обвинувањата од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
„Обвинувањата на СДС се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи“, рече денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ дека место нови лица старата банда е реформата во ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил ’одбиен од НАТО’ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби. ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија. Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност“, рече Петрушевски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи Петрушевски, останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.
Македонија
Во 15 контејнери собран над еден тон текстилен отпад во Кисела Вода: жителите на Расадник со најголем интерес
Еден тон текстилен отпад е собран за само еден месец од поставувањето на првите контејнери за текстилен отпад на територијата на општина Кисела Вода, соопштија денес општинските власти.
Според податоците добиени од лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, најголема количина е собрана од контејнерот поставен во населбата Расадник, што општинарите велат дека укажува на висок интерес и активна вклученост на граѓаните во процесот на селектирање и правилно одлагање на текстилниот отпад.
„Во моментов се поставени 15 контејнери на различни локации пред месните заедници, а паралелно се изработуваат уште 15 нови, кои во следната фаза ќе бидат поставени пред основните училишта и детските градинки. Со тоа, вкупниот број ќе достигне 30 контејнери, а иницијативата ќе добие и силна едукативна компонента, насочена кон најмладите“, велат од Општината.
Ова е првпат во општина Кисела Вода да се воспоставува ваков систем за собирање текстилен отпад, преку договорот што беше потпишан меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и Фаик Мифтари, управител на ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје.
„Со поставувањето на контејнерите за текстилен отпад правиме уште еден суштински исчекор кон современо, одговорно и одржливо управување со отпадот. Фактот што за само еден месец е собран еден тон текстилен отпад покажува дека граѓаните ја препознаваат важноста на оваа иницијатива. Ова партнерство не претставува само техничко решение, туку вложување во едукацијата, свеста и иднината на нашата заедница. Преку ваквите проекти испраќаме јасна порака дека заштитата на животната средина е заедничка обврска и трајна вредност. Искрена благодарност до ЕКО-ТЕКС ГРУП за нивната општествена одговорност и придонесот кон почиста и поздрава околина“, рече градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев
Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конеренција во партискиот штаб.
„Фирмата ’ЦБД Медплант’ во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога“, рече пратеникот Птерушевски и пушти видео од денешното запленување на илегална материја дрога.
Објасни дека станува збор за фирма која добила одобрение од Владата на Зоран Заев и Венко Филипче, за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година.
„Патем, уште во 2020 година, укажувавме дека лиценците за одгледување на марихуана за медицински цели, се добиваат исклучиво по блискоста со СДС, односно во тоа време со Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче додели лиценци на 2 фирми, ’Еко Енерџи-Космос’ од Ново Село и ’Лајтинг Лукс’ од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев погоре споменатиот“, рече Петрушевски.
Побара Јавното обвинителство да го истражи случајот и јавно праша зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај.
„Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија. Но и на тој нарко картел му дошол крајот, така ќе му дојде крајот и на овој таканаречен нарко картел во струмичко.
Вистината излегува на виделина!“, вели пратеникот Петрушевски.

