Свет
На Криволак почна воената вежба „Македонки блесок 05“
На армискиот полигон Криволак во Центарот за обука Пепелиште и во касарните „Илинден“ во Скопје и „Јане Сандански“ во Штип свечено беше отворена вежбата „Македонски Блесок 05“
Во ЦО „Пепелиште“ на чинот на свеченото отворање пред штабот на вежбата и дел од персоналот за поддршка се обрати директорот на вежбата полковник Митре Стојанов кој истакна дека вежбата „Македонски блесок 05“ е исклучително важна вежба на која од учесниците се очекува да го потврдат досегашниот успех кој произлегува од високиот степен на обученост, професионалност и досегашното стекнато искуство од учеството во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ОН. „Македонски блесок – 05“ е жива вежба со единици на терен и ќе се реализира од 19 до 28 октомври 2009 г., со цел да се оцени и верифицира обученоста, оперативната способност и борбената подготвеност на декларираните единици на АРМ согласно Концептот за оперативни способности (ОСС- концепт со кој се врши оценување на вистинските можности за распоредување на единиците во мисии предводени од НАТО).Според бројноста на персоналот за вежбата „Македонски Блесок – 05“ може да се каже дека таа е една од најголемите и најсложените вежби со единиците на АРМ, преку која во наредните десет дена се очекува да се изврши целосна проверка на примената на стандардните оперативни процедури при употребата на декларираниот среден пешадиски баталјон (спбн) на АРМ, кој е од составот на Пвата механизирана пешадиска бригада (мпбр) и четата на воена полиција(чВП), во операции за поддршка на мирот предводени од НАТО, ЕУ и ОН.Како што е познато, за време на „Македонски Блесок 05“ќе се изврши самооценување НИВО 2 – CREVAL (Combat readiness evaluation) на декларираниот спбн и чВП на АРМ, од страна на оценувачки тим од составот на единиците АРМ обучен според стандардите за оценување во Алијансата. За време на реализацијата на вежбата, процесот на оценување, познат како ,,Самоценување НИВО 2 – CREVAL“ ќе биде присутен Мониторинг Тим на НАТО и набљудувачи од земјите членки на НАТО и Парнерството за Мир.Инаку, денес пред официјалното отварање на вежбата започна и реализицијата на првиот проект во делот на цивилно-воената соработка (CIMIC), со еколошко уредување на просторот и поправка, расчистување и тампонирање на пат во должина од 550м во селото Пепелиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

