Контакт

Македонија

Незири во Софија ги претстави можности за инвестирање во Македонија

Објавено пред

Министерот за економија Беким Незири во петокот во Софија ги претстави можностите за инвестирање во слободните зони во Македонија, а се заложи и за интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.

dobivaj vesti na viber

 

 

Трговската размена помеѓу Македонија и Бугарија е на завидно ниво, а Бугарија е на шестто место од десетте држави со кои имаме најинтензивна соработка.

 

Незири оствари средба со министерот за економија на Република Бугарија Божидар Лукарски, непосредно пред Економскиот форум за Југоисточна Европа, кој се одржува во Софија, во рамки на претседавањето на Република Бугарија со Процесот на соработка на ЈИЕ.

 

„Во таа насока, во денешниот разговор со мојот бугарски колега се договоривме Мешовитиот комитет да се состане до крајот на годината, а го запознав и со 13-те слободни зони во Македонија, кои се одлична шанса за инвестирање на бугарските компании , бидејќи ваква можност не се нуди во ниту една европска држава. Со цел интензивирање на меѓусебната соработка, која е резултат на одличните односи меѓу двете земји, го поканив министерот Лукарски да оствари и прва официјална посета на Скопје“, Незири

 

Министерот Лукарски изрази задоволство од упатената покана за посета на Република Македонија, потврдувајќи дека Скопје ќе биде меѓу приоритетите на неговата агенда.

 

„Ние на Балканот, трудејќи се да соработуваме со што повеќе земји, често се забораваме себеси и соседите. Среќни сме што денеска ни е гостин министерот Незири. Инаку, се договоривме Мешовитиот комитет да се состане до крајот на годината на екпертско ниво, но и од страна на двете министерствада се организира бизнис форум, во чии рамки ќе бидат Б2Б средби меѓу бизнисмените од двете држави. Задоволни сме што македонско-бугарската стопанска комора функционира добро, иако резултати има само во делот на туризмот. Воедно, го информирав мојот колега дека Бугарија за првпат во првиот квартал оваа година има раст од 3 отсто, имаме околу 2 отсто намалување на невработеноста и раст на извозот за првите три месеци од 12,8 отсто“, рече Лукарски.

 

На Форумот, пак, министрите за економија од регионот имаа можност да разговараат за економската соработка меѓу земјите во Југоисточна Европа, имајќи ја предвид Стратегијата за Југоисточна Европа, која  претставува регионален одговор на Стратегијата ЕУ 2020. Министерот Незири, во своето обраќање, се задржа на значењето на регионалната трговија како фактор на раст, бидејќи дури 5 од вкупно 11 главни цели се поврзани со трговијата и инвестициите.

 

„Како што е предложено во Стратегијата на ЈИЕ  2020 и прифатено од ЦЕФТА земјите, стремежот е да се постигне раст во трговијата од 230% до 2020 година, при што  регионалната  трговија со стоки ќе се третира за трговија на единствен пазар. Меѓу основните приоритети е слободниот проток на инвестиции преку креирање на единствен инвестициски концепт, потоа олеснување на трговијата, преку склучување Рамковен Договор од страна ЦЕФТА земјите, целосно укинување на царинските давачки за земјоделско-прехранбените производи помеѓу ЦЕФТА земјите, воведување на дијагоналната кумулација на потекло на стоката, согласно унифицираните правила на Пан – Евро медитеранската конвенција за потеклото на стоката, како и либерализација на трговијата со услуги“, истакна Незири.

 

Во делот на трговската соработка, министерот Незири рече дека трговијата на Македонија во 2014 година со земјите на ЕУ е 72%, а со ЦЕФТА земјите изнесува 12,8% од вкупната трговија на Република Македонија со светот, при што македонскиот извоз во 2014 година пораснал за 15,6%, а увозот од светот е зголемен за 10,3%.

Осврнувајќи се на мерките, политиките и проектите за имплементација на индустриската политика, поттикнување на конкурентноста и иновациите, олеснетиот пристап до финансии за деловните субјекти, спроведените реформи, како и привлекувањето на странски инвестиции како еден од клучните столбови на економската политика, министерот Беким Незири изјави: „Позитивните оценки во рамки на повеќе меѓународни рангирања се доказ повеќе дека Владата на Република Македонија има јасна визија за развој, кој е базиран на економски раст преку зголемување на конкурентноста, како резултат на подобрување на бизнис климата, развој на инфраструктурата и на човечкиот капитал, како основа за подобрување на благосостојбата на граѓаните. Република Македонија како дел од регионот на Југоисточна Европа е силно заинтересирана за економски просперитет на земјите од регионот и поголемата меѓусебна соработка, како суштински предуслови за долгорочна стабилност и заедничка иднина во евроинтегративниот процес“. /крај/

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Објавено пред

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.

Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.

Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.

„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.

Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.

Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки на престојот на Светски економски форум.

dobivaj vesti na viber

„Уште еден успешен ден со многу билатерални средби“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека денот започнал со средба со Борјана Кришто, по што следеле средби со мултинационални компании кои, како што рече, имаат значајна улога во глобалниот бизнис.

Мицкоски информираше дека имал и успешен панел на кој повторно се разговарало за клучните теми на овогодишниот самит во Давос – вештачката интелигенција, дата-центрите и потребата од зголемено производство на електрична енергија.

„Разговаравме со луѓе кои навистина значат во светот на вештачката интелигенција, фирми кои се водечки во управувањето со дата-центри, но и за предизвиците поврзани со потребата од зголемување на производството на електрична енергија“, изјави премиерот.

Тој додаде дека пред соговорниците ги презентирал и проектите кои за Владата се значајни, а кои опфаќаат производство на електрична енергија, подобрување на преносните капацитети и интерконекторите за електрична енергија и гас.

Мицкоски соопшти дека за прв пат на панелот ги презентирал и клучните проекти кои Владата планира да ги објави во периодот што следи – Бошков Мост, Чебрен и Галиште.

Според него, проектите привлекле големо внимание кај инвеститорите, кои по завршувањето на панелот му пристапиле за размена на контакти и биле поканети да ја посетат земјата. „Убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност во економијата на Македонија и во квалитетот на живот на македонските граѓани“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека престојот во Давос продолжува со уште еден панел и презентација на инвестициските можности на Македонија пред нова група инвеститори, а враќањето во Скопје е планирано за утре.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка

Објавено пред

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.

dobivaj vesti na viber

На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет4 часа

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион5 часа

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија6 часа

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија17 часа

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа18 часа

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа18 часа

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија18 часа

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ21 час

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија21 час

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија22 часа

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија23 часа

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија24 часа

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија1 ден

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија1 ден

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...

Македонија1 ден

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија1 ден

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...

Македонија1 ден

СДСМ со пакет амандмани: промена на членот за злоупотреба на службената положба, без рок за конфискација и 48 часа за снимките од „Безбеден град“

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата,...

Свет1 ден

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет1 ден

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...