Контакт

Македонија

Адеми: ДПА го стагнираше спроведувањето на Охридскиот договор

Објавено пред

Интервју на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми за новинската агенција МИА, кое го пренесуваме интегрално

dobivaj vesti na viber

Неодамна се вклучивте на координативните средби на државниот врв во врска со спорот со Грција околу уставното име на Република Македонија. Што за Вас значи овој чин, каков е ставот на ДУИ по однос на ова прашање и дали е можно скорешно решение?„Иднината на земјата е предизвик кој треба да го почуствуваат сите граѓани на една држава. Тоа не е работа која треба да се однесува само на одредена групација на луѓе. Впрочем, грижата за тоа како ќе живееме е заедничка затоа што и доброто и лошото ги зафаќа сите жители на државата. Токму затоа, политичките партии на Албанците во Република Македонија од поодамна чуствуваа потреба да бидат дел на решението поврзано со наметнатото прашање со името на Република Македонија. Во тој однос Албанците бараа да имаат поактивна улога во овој процес. Со тоа нормално да произлезат и одговорности, но одговорноста се презема само ако сте активен учесник во одреден процес.Во сево ова, како што е познато ДУИ како легитимен преставник на Албанците ги претставува нивните интереси и настојува со активно учество да допринесе за што побрзо елиминирање на сите можни пречки на патот кон евроинтеграциите. Ние како партија се залагаме за изнаоѓање на компромис кој ќе биде прифатлив за двете страни при што ќе се запази и мултиеничкиот карактер на државата. Најавивте анализа на донесувањето закони согласно Рамковниот договор, но и анализа на нивното спроведување. Кога ќе ги објавите резултатите од анализата и какви се првичните сознанија?- Анализата ќе даде пресек на стореното во изминатиот период во квантитативна и квалитативна смисла, збоорот ми е за Рамковниот договор. Првичните сознаниа се дека формално е направено доста, но суштинсти преостанува обемна работа да се заврши. Групите кои го потготвуваат анализата уште работат и се очекува да се објави за осумгодишнината на Рамковниот договор. ДПА и неколку невладини организации најавија изработка на нов документ како замена за Рамковниот договор, со образложение дека тој не се спроведува и веќе е надминат. Сметате ли дека тоа е потребно?- Договорот кој доведе до прекин на конфликтот е мировен, постигнат меѓу претставниците на две заедници. Договорот како што знаете има и меѓународна гаранција. Едностраната оценка може само да биде поттик за позабрзано спроведување. Но морам да истакнам дека одредена стагнација во спроведувањето се чувствува од 2006 г. кога коалиционен партнер на власта беше токму ДПА. Во тоа време не слушнавме дека нештата не одат како што треба. Значи станува збор за опозиционерско однесување па и кон ова прашање.Колку сте задоволни од спроведувањето на правичната застапеност согласно Рамковниот договор. Колкав е процентот. Имавте два конкурса, согласно кои неодамна доделивте решенија за 46 државни службеници. Што е со останатите и се планира ли дополнителни конкурси за годинава?- Правичната застапеност е еден од клучните столбови на Рамковниот договор и ние максимално сме фокусирани во исполнување на овој сегмент. Според нашата информација застапеноста на Албанците е 16 проценти што претставува бројка со која не може да бидеме задоволни. Затоа, од кога ДУИ е коалиционен партнер објавени се три конкурси и според владината програма во текот на ова година ќе има и други конкурси за да го испониме бројката од илјада вработувања, како што се предвидени. Дали вработувањето припадници на помалите етничките заедници ќе продолжи и покрај владините мерки за запирање на вработувањата во државната администрација?- Да, како што знаете вработувањата според Рамновниот договор се надвор од владините антикризни мерки и ние ќе продолжиме и со спреводување на оваа обврска од Рамковниот договор затоа што спроведувањето е еден од петте приоритети на ова владина коалиција.Го донесовте Законот за употреба на јазиците, имате ли податоци како тој се спроведува?- Интензивно се работи во правец на службената употребата на албанскиот јазик согласно Законот кој претставува добра основа за службената употреба на албанскиот јазик. Се работи интензивно во поглед на примената на овој Закон. Сега веќе во Собранието на Република Македонија функционира посебен сектор на преведувачи и секој ден се зголемува примената во овој орган. По општините имаме шаренило, но како Влада секојдневно работиме во елиминирањето на сите проблеми кои ја оневозможуваат службената употреба на албанскиот јазик. Проблемите се од повеќе сфери и не се исти секаде. Кај некои партии на Албанците постојат амбиции за влегување во владината коалиција. Дали има простор за уште една албанска партија во Владата?- Во владината коалиција учествува албанската партија која ги доби изборите. Така се поправи направената грешка од 2006 г. Партијата на Имер Селмани не е произлезена од избори, туку е дел на Демократската партија на Албанците која силно ја поддржуваше изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Во пратеничкиот состав на партијата на Селмани има двајца поранешни министри и двајца пратеници. Ова Собрание и оваа Влада немаат наполнето една година. Се уште не минала една година откако господинот Селмани во Собранието силно ги бранеше законите во новиот состав на највисокиот законодавен дом. Јас и моите сопартијци тогаш не бевме министри. Одредени одлуки или закони кои сега се проблематизираат датират од времето на ДПА, донесени се со нивен благослов, а некои и со нивен потпис, како што е случајот со црквата во Плоштадот и други проекти. Ако некој се обидува да се амнестира нека го направи тоа. Но сосема е нечесно во тој обид вината да се префрли врз други.   Македонија го призна Косово, но Скопје и Приштина се’ уште немаат воспоставено дипломатски односи. Очекувате ли наскоро тоа да се случи ?- Незавино Косово е реалност на Балканот и добро е што ние станавме земја која ги прифаќа реалностите. Ние покажавме дека не заостануваме од другите европски влијателни земји и тоа преставува доказ за нашата европска ориентација. Определени сме за споделување на европски стандарди и развивање на добрососедски односи. Воспоставувањето на дипломатски односи треба да се случи што е можно побрзо бидејќи тоа ќе ни овозможи посилна и поквалитетна соработка во секој поглед, особено во сферата на економската соработка. Претседателите на Македонија и на Косово Ѓорге Иванов и Фатмир Сејдиу  се сретнаa минатата недела на неформалниот состанок на претседателите од регионот во Валона. Дали таа средба според Вас ќе значи нов импулс за поинтензивна соработка, особено по недоразбирањата околу откажаната посета на косовскиот претседател на Македонија?- Неспретните случувања не смее да станат пречка во градењето на иднината. Само добрососедската соработка е фактор кој гарантира успешност во градењето на цврста и просперитетна држава. Тоа се наши, а верувам и стремежи на косовската политика. Претседателите се сосема свесни за тоа, оттука и средбата што се одржа во Валона претставува силен сигнал за сите, во двете држави, дека краткиот застој ќе ни послужи како нов, посилен залет, со предизвиците кои не очекуват во нашите стремежи кон евроатлантските интеграции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со лани

Објавено пред

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кое се однесуваше на кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина, но и како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година во година ги намалува средствата за оваа намена. Таа посочи дека со ребалансот на Буџетот за 2025 година средствата за животна средина се намалени за 13,4%, а ставката „намалување на загадувањето“ е скратена за околу 20%, односно речиси 50% во однос на претходната година.

dobivaj vesti na viber

Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од Реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средни претпријатија.

,,Заштитата на животната средина е начин како да ја заштитиме иднината на Македонија. Но, реалноста ја отапе острицата и на лесно на пишаните зборови.

Дебатирајќи за Буџетите за 2025 и 2026 година , како и за Ребалансите секаде имаме кратење на средства токму за овој специфичен ресор и за ресорното министерство.

Во Ребалансот на Буџетот за 2025 година – Заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4% во износ од 868 милиони денари помалку, сведувајќи се од 6,4 милијарди на околу 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – Намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19% намален буџет, а во однос на претходната година истиот е планирано да се намали за 48,2%, тоа е скоро 50%“.

Несвојствено е, вели таа да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството, како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздух ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.

Според неа, не се доволни само препораките за ослободување од работни обврски на ризичните групи.

„Сите полека влегуваме во таа група справувајќи се со последиците, а не со причините. Моето прашање е кои конкретни мерки ги превземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето, имајќи го во предвид фактот дека од година во година, со секој буџет и ребаланс на буџет, ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем“, праша Лукаревска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина

Објавено пред

Муамет Хоџа денес ооцијално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата.

dobivaj vesti na viber

На првиот работен ден, министерот Хоџа оддржа работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во Министерството, при што беше информиран за тековните состојби, активните проекти и клучните предизвици со кои се соочува ресорот, нагласувајќи дека негови приоритети ќе бидат доследно спроведување на законите, зајакнување на инспекцискиот надзор, транспарентна и отворена комуникација со јавноста, како и целосно усогласување со Европскиот зелен договор и обврските што произлегуваат од процесот на европска интеграција.

Хоџа најави активно вклучување на граѓанските организации, научната и академската заедница, локалните самоуправи и сите други релевантни чинители во насока на изнаоѓање најдобри решенија за еколошките предизвици на замјата.

Министерот Муамет Хоџа, доаѓа на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, заменувајќи го претходниот министер Изет Меџити, кој на функцијата министер и прв вицепремиер беше изминативе 18 месеци.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНМ: Партиите да не се расправаат преку грбот на новинарите

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упати допис до политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) по повод нивната јавна објава на социјалните мрежи со наслов „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!“, во која на навредлив, омаловажувачки и деградирачки начин се таргетира новинар.

dobivaj vesti na viber

ЗНМ изрази сериозна загриженост дека ваквиот тип на комуникација од страна на политички партии е неприфатлив во демократско општество, ја поткопува довербата во медиумите и создава атмосфера на стигматизација и притисок врз новинарската професија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ4 часа

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија4 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија4 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија5 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ6 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија7 часа

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија9 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет10 часа

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет10 часа

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет10 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија11 часа

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија22 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија22 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија24 часа

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија1 ден

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија1 ден

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија1 ден

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...