Свет
Уапсен најбараниот нарко-бос во Колумбија
Колумбиската полиција го уапси најбараниот лидер на нарко-картелот во Колумбија Даниел Рендон Ерера, јавуваат медиумите
Колумбиската полиција го уапси најбараниот лидер на нарко-картелот во Колумбија Даниел Рендон Ерера, јавуваат медиумите.
Портпаролот на колумбискиот претседател Сезар Веласкес изјави дека Рендон Ерера, познат под името Дон Марио, е уапсен ноќта меѓу вторникот и средата во областа Ураба, во северозападниот дел на Колумбија.
Колумбиските власти понудиле награда од 1,3 милиони долари за помош при апсењето на Рендон Ерера.
Ерера претходно на членовите на својата криминална група им ветил награда од 1.000 долари за секој убиен полицаец.
Неговиот начин на делување потсетуваше на начинот на најпознатиот колумбиски нарко бос Пабло Ескобар, кој водеше отворена војна против државата во текот на 80-сетите години на минатиот век. Ескобар во 1993. година беше убиен од безбедносните сили. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку 37 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа
Најмалку 37 Палестинци загинаа денеска во израелски напади низ Појасот Газа, соопштија палестински медицински претставници.
Официјални лица соопштија дека најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во камп во областа Ал-Маваси западно од Кан Јунис во кои се сместени раселените семејства, објави Гардијан.
Во други израелски воздушни напади денеска, најмалку 26 Палестинци беа убиени, вклучувајќи шест во седиштето на Министерството за внатрешни работи во Кан Јунис на југот од енклавата, а останатите во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, кампот Шати и кампот Магази во централниот дел на земјата.
Регион
Деветгодишниот Вукан и брат му Јован Вулетиќ се најмладите жртви од масакрот во Цетиње
Деветгодишниот Вукан и неговиот пет години постар брат Јован Вулетиќ се најмладите жртви на масовното убиство во Цетиње што го изврши Ацо Мартиновиќ (45), а најстариот е седумдесетгодишниот Радомир Марковиќ.
Во трагедијата загина и вујкото на момчето – Мирко Вулетиќ (45).
Според полицијата, Мартиновиќ убил четири лица во куќата на роднина во Бајце – Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ. Во куќата на Мартиновиќ тешко ранета е и сопругата на Марко, Марија (38), пишува „Подгорица вјести“.
Регион
Пленковиќ упати сочувство до Црна Гора и САД
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, во име на владата и од негово име изрази сочувство до Црна Гора и САД во врска со трагедиите во кои загинаа неколку лица.
Пленковиќ рече дека во име на владата и во свое име упатил сочувство до претседателот Јаков Милатовиќ, премиерот Милојко Спајиќ, народот на Црна Гора и до семејствата на жртвите.
Пленковиќ рече дека испратил сочувство и во име на владата и лично до САД за нападот со возило во Њу Орлеанс, каде што загинаа најмалку 15 лица.