Економија
Полесно до имотен лист преку електронско поврзување на Катастрите
Граѓаните ќе можат да извадат имотен лист во својот град за недвижнина која се наоѓа во друга општина преку електронско поврзување на катастрите.
Граѓаните ќе можат да извадат имотен лист во својот град за недвижнина која се наоѓа во друга општина преку електронско поврзување на катастрите.
Оваа можност ќе ја имаат граѓаните од неколку града низ Македонија и тоа Скопје, Кавадарци, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Свети Николе, а наскоро се очекуваа до крајот на годината оваа услуга да биде достапна на целата територија.
„Овозможен е пристап до податоците на имотните листови, на пример граѓаните од Кавадарци кои имаат недвижен имот во Скопје како стан, куќа или плац да можат во Кавадарци да извадат имотен лист на недвижноста која се наоѓа во Скопје и обратно“, појасни Љупчо Георгиевски, директорот на Агенцијата за катастар.
На овој начин можноста да извадат имотен лист во својот град за друга општина граѓаните ќе заштедат време и пари, со што нема да патуваат во другите градови.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски истакна дека Катастарот има еден од најдобрите менаџерски тимови во споредба со било која државна институција, по што и податоците покажуваат дека има значителен напредок во работата на Агенцијата.
Податоците од 2005 година покажуваат дека се издадени 163.000 имотни листови, додека во 2010 година таа бројка изнесува 426.000. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

