Македонија
СДСМ: Заклучокот на Антикорупциска за „Надеж“ е политички монтиран случај
СДСМ денеска обвини дека зад заклучокот на Антикорупциската комисија за ангажирањето на словенечките експерти од страна на поранешниот претседател Бранко Црвенковски стои монтирано и однапред испланирано сценарио на власта.
„Едноставно Груевски и ВМРО ДПМНЕ самите се легитимираа дека се творци на уште едно монтирано и однапред испланирано сценарио во кое не бираат ниту средства ниту методи за оцрнување на Бранко Црвенковски и СДСМ“, рече Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ.
Тој посочи неколку аргументи од кои како што рече се гледа дека станува збор за монтиран случај.
Станковиќ наведе дека актуелниот претседател на Антикорупциска комисија Илми Селами во моментот на неговиот избор не ги исполнувал законските услови за да биде член на комисијата.
„Антикорупциската комисија, може да биде именувано лице кое треба да има високо образование исклучиво од областа на правото и економијата. Актуелниот претседател на Антикорупциската Комисија, Илми Селами, завршил политички науки и со тоа, во моментот на неговиот избор не ги исполнувал законските услови да биде член на оваа комисија.Без разлика на предлогот кој не го исполнува ниту основниот законски услов, пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласале-ЗА неговиот нелегален избор“, рече Станковиќ.Според него владејачкото мнозинство го легализирало неговиот избор.
„Кога на ова ќе се додадат и фактите дека Селами на 9 ноември без воопшто да го проучи предметот, за кој и самиот вели дека е обемен и дека му требаат денови само да го фотокопира за да го достави до Обвинителството, веднаш го предложил правно неписмениот заклучок, потврдува дека се работи за политички монтиран случај“, додаде Станковиќ.
СДСМ ја повика Антикорупциска комисија да покрене иницијатива за утврдување кривична одговорност и во случаите со ангажирањето на консултантите Филип Сендс, Томас Франк и Будислав Вукас од Владата за тужбата против Грција во Судот во Хаг, на фирмите „Квин Гилеспи Асоцијација“ и „Вебер Шендвик“ за лобирање за интересите на Македонија во САД и ЕУ, и на Словенецот Грегор Вирант како консултант за реформите во јавната администрација.
„Го прашуваме Илми Селами, дали по истиот принцип како во случајот со Бранко Црвенковски ќе ги оцени критериумите по кои се водела Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ во ангажманот на овие странски експерти, како незаконско и ненаменско трошење на народни пари?Дали ќе ја праша Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, зошто не распишала тендери и склучувала непосредни спогодби и зошто ангажирала странци кога и во Македонија постојат експерти за истите области?“, праша Станковиќ./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.
Македонија
Гаши – Форнавре: Односите меѓу Шведска и Северна Македонија се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Шведска – Северна Македонија на шведскиот Риксдаг, предводена од претседателката на Групата, Лота Џонсон Форнарве.
На средбата присуствуваше шведскиот амбасадор во нашата земја, Ола Солстром, како и претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, Дафина Стојаноска.
Претседателот Гаши ја истакна долгогодишната поддршка и пријателство на Кралството Шведска кон нашата земја, нагласувајќи дека односите меѓу двете држави се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување.
Посебно беше изразено задоволство од формирањето на Групата за пријателство со Северна Македонија во шведскиот Риксдаг, што претставува важен чекор кон унапредување на парламентарната соработка.
Пратеничката Дафина Стојаноска упати благодарност за континуираната шведска поддршка за стратешката цел на нашата земја – полноправно членство во Европската Унија.
Се разговараше за остварување проекти во следниот период во повеќе области – земјоделство, бизнис, родова еднаквост, што ќе значи континуитет на поддршка и пријателство.
Присутните соговорници се согласија дека интензивната меѓусебна комуникација и размената на искуства придонесуваат кон приближување на државите и народите на Шведска и Северна Македонија.
Македонија
Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Даме Димитровски е избран за нов претседател на Советот на Град Скопје. Тој кажа дека Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност.
„Денеска, на конститутивната седница на Советот на Град Скопје, сум избран за претседател на Советот. Благодарност до советниците за довербата и до скопјани за поддршката. Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност. Ќе бидеме активен чувар на јавниот интерес и ќе работиме доследно на спроведување на темелните политики: чист град, функционален јавен превоз, безбеден сообраќај, повеќе зеленило и современи јавни услуги“, рече Димитровски.

