Македонија
Слаб снег провејува на Шапка и Стража, без проблеми во сообраќајот
Слаб снег провејува во вечерните часови на Попова Шапка и Стража, соопшти АМСМ, укажувајќи дека поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.
Според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.Патниот правец Р-1103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, мост бр.9 преку реката Вардар, поради деформација, оштетување на мостот, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци и е пренасочен преку Криволак, патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила. Одлуката донесена од комисија составена од претставници на ЈП Државни Патишта, ЈП Македонијапат, Градежниот факултет, Институтот за патишта и сообраќајната полиција.На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлечка сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот. /амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

