Македонија
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Припадниците на исламската вероиповед денеска започнуваат со прослава на Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни муслимански празници.
Припадниците на исламската вероиповед денеска започнуваат со прослава на Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни муслимански празници. Рамазан Бајрам го означува крајот на постот, по кој следуваат денови на радост. Првиот ден од Рамазан Бајрам почнува со утринската молитва, под називот бајрам намаз. Потоа се организираат јавни свечености, а луѓето разменуваат подароци и посети. Овој празник секогаш е на 1 шевал (десетиот месец од муслиманскиот календар) и трае три дена, а верниците го сметаат за „празник на положен испит“. Годинава Бајрам почнува на 20 септември, по завршувањето на Рамазан, месецот на пост, во кој верниците се воздржуваат од јадење, пиење, лоши мисли и дела./крај/бт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.