Контакт

Свет

Пакистанските власти ги уапсија шесте деца на Бин Ладен и двете сопруги

Објавено пред

Пакистанските власти ги уапсија шестте деца и двете сопруги на убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин Ланден, пренесува Синхуа.

dobivaj vesti na viber

Пакистанските власти ги уапсија шестте деца и двете сопруги на убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин Ланден, пренесува Синхуа.

Агенцијата која се повикува на локални пакистански медиуми, пренсува дека пакистанските власти уапсиле уште четворица блиски пријатели на убиениот бин Ладен. Еден од неговите синови беше убиен во истата американска воена акција.

Агенцијата, исто така, пренесува дека бин Ладен е убиен во операција спроведена од страна на пакистанските сили откако се урнал  пакистански воен хеликопетер во Аботабад.

Пакистаснкиот веон хеликопетер се урнал околу 1:20 часот. Хеликптерот бил срушен од група од неколкуа неидентификувани лица во кавртот Сикандрабад, а уривањето  иницирало акција за потрага во срушениот хеликоптер. Тогаш дошло и до размена на оган.

Синхуа цитирајќи ги локалните медиуми пренесува дека подоцна два американски хеликоптера го однеле телото на убиениот бин Ладен. Во соборувањето на пакистанскиот хеликпетер загина најмалку едно лице, додека уште две други се ранети. Исто така, падот предизвикал пожар на две куќи.

Фокс Њус пак објави дека најбараниот светски терорист е убиен дури една недела претходно пред официјалното објавување на веста, потврдувајќи дека веста за ликвидирањето на Осама бин Ладен во САД била внимателно подготвувана.

Телевизијата пренесува дека бин Ладен го убила американска бомба пред една недела и дека се чекала ДНК анализа, за да се потврди дека се работи навистина за телото на Осама бин Ладен.

Веста за неговата смрт Фокс Њус ја објави пред обраќањето на американскиот претседател Барак Обама, кој требало прв на Американцките и на светот да им ја пренесе веста. /крај/д.хр/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напади во нашата земја

Објавено пред

Од

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за извршување на два антисемитски напади во клучните градови Сиднеј и Мелбурн.

dobivaj vesti na viber

Од почетокот на војната меѓу Израел и Газа во октомври 2023 година, австралиските домови, училишта, синагоги и возила беа цел на антисемитски вандализам и палење, пишува „Ројтерс“.

„Австралиската безбедносна агенција собра веродостојни разузнавачки информации дека иранската влада наредила најмалку два напади“, изјави Албанезе на прес-конференција.

„Иран се обиде да го прикрие своето учество, но ASIO верува дека стои зад нападите врз „Луис Континентал Кујн“ во Сиднеј на 20 октомври минатата година и синагогата Адас Израел во Мелбурн на 6 декември“.

Австралиската безбедносно-разузнавачка организација додаде дека е веројатно дека Иран наредил дополнителни напади.

„Ова беа вонредни и опасни акти на агресија оркестрирани од странска држава на австралиска почва“, рече Албанезе. „Ова беа обиди за поткопување на социјалната кохезија и сеење раздор во нашата заедница“.

„Австралија ја суспендираше својата амбасада во Техеран и сите дипломати се безбедни во трета земја“, рече Албанезе, додавајќи дека неговата влада ќе ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп најавува преименување на Пентагон: „Веројатно, за околу една недела“

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес посочи дека неговата администрација веројатно ќе го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна во наредните денови.

dobivaj vesti na viber

Трамп рече дека официјалните лица веројатно ќе го вратат Пентагон на неговото постаро, поагресивно име за околу една недела. И тој и министерот за одбрана Пит Хегсет, постојано се жалат на промената на името што се случи по Втората светска војна, објавува Politico.

Министерството за војна постоеше од 1789 до 1947 година, кога администрацијата на Труман го подели одделот на Армија и Воздухопловни сили и го спои со тогаш независната Морнарица. Поранешниот претседател Хари Труман ја именуваше новата агенција на ниво на кабинет Министерство за одбрана.

Труман имаше намера промената на името да му даде на шефот на Пентагон поцентрализирана власт над одделните гранки на војската, особено Морнарицата, која уживаше значителна независност до крајот на Втората светска војна.

Трамп постојано алудираше на можноста за враќање на старото име во последните недели, нарекувајќи го Хегсет свој „министер за војна“ на самитот на НАТО во јуни и сугерирајќи дека промената е резултат на политичка коректност.

„Ако ја погледнете старата зграда до Белата куќа, можете да видите каде порано беше Министерството за војна. Потоа станавме политички коректни и го нарековме Министерство за одбрана“, рече тој.

Трамп посочи дека ребрендирањето е неизбежно. Но, на Пентагон веројатно ќе му треба одобрение од Конгресот за каква било промена на името, бидејќи министерството е основано со закон стар неколку децении.

„Не сакам само одбрана. Сакаме напад“, рече Трамп во Овалната соба.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп: Путин не беше задоволен што дојде во САД, тоа беше неговата голема отстапка, му благодарам

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денес на прес-конференцијата во Белата куќа изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не е задоволен што доаѓа во САД, но дека потегот е голема отстапка. „Путин не беше задоволен што дојде во САД. Тоа беше голема отстапка и му се заблагодарувам за тоа“, рече Трамп.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека ги продолжил разговорите со рускиот претседател по состанокот во Алјаска.

„Да, сум го направил тоа“, одговори тој кога новинарите го прашаа дали повторно го контактирал Путин.
„Секој разговор со него е добар разговор. А потоа, за жал, бомба паѓа врз Киев или некаде на друго место и многу се лутам“, рече Трамп.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, вчера изјави дека Русија направила „значајни отстапки“ кон евентуален мировен договор.

„Тие препознаа дека нема да можат да инсталираат марионетски режим во Киев“, рече Венс во емисијата „Meet the Press“ на NBC. Тој додаде дека Москва, исто така, ја прифатила идејата за безбедносни гаранции за Украина од идна агресија.

И покрај ова, извори минатата недела за Ројтерс изјавиле дека Путин сè уште бара Украина да го предаде целиот Донбас, да се откаже од членството во НАТО, да остане неутрална и да не дозволи западни трупи да бидат распоредени на нејзина територија, во замена за прекин на офанзивата. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека безбедносните гаранции треба да бидат надгледувани од група земји, вклучувајќи ги и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.
Минатиот петок, по разговорите со Путин во Алјаска и самитот во Белата куќа со Зеленски и европските лидери, Трамп се закани со нови санкции против Русија ако не се постигне напредок во рок од две недели.

„Тој се обидува јасно да стави до знаење дека Русија може да се врати во светската економија ако го запре убивањето, но ќе продолжи да биде изолирана ако не го стори тоа“, рече Венс.

Потпретседателот ја наведе како пример неодамнешната одлука на Трамп да воведе дополнителни тарифи од 25 проценти на индиските стоки за купување руска нафта, истакнувајќи дека тоа е модел на економска моќ што може да се користи и против Москва.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напади во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија11 минути

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја...

Македонија10 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија16 часа

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија18 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет18 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија19 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија20 часа

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија20 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ21 час

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа24 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет1 ден

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа1 ден

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија1 ден

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија1 ден

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет1 ден

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ2 дена

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион2 дена

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет2 дена

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...