Македонија
Скршена спомен плочата кај Вејце
Спомен плочата, што беше поставена пред неколку дена кај Вејце со имињата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година е скршена, јави дописникот на Макфакс.
Спомен плочата, што беше поставена пред неколку дена кај Вејце со имињата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година е скршена, јави дописникот на Макфакс.
Оштетувањето на плочата која беше поставена на одбележувањето на девет годишнината од масакрот било забележано вчера од страна на претставниците на здружението „Достоинство“ од Тетово.
Претседателот на тетовскиот огранок на „Достоинство“, Марин Најдов вели дека ова било неочекуванo, бидејќи сметале дека територијата е безбедна.
„Сметаме дека територијата е безбедна и сите можеме слободно да се движиме. За овој настан ќе ги информираме сите политички структури и градоначалникот на Тетово, за да ги најдат и соодветно да ги казнат сторителите“, изјави Најдов.
Тој рече дека очекуваат плочата да биде направена и да биде вратена на своето место, зошто како што рече тоа е цивилизиран чин и е во функција на заедништвото.
Годинава за прв пат беше организирана посета на местото на патот Тетово-Селце-Вејце, меѓу двете кривини, каде во 2001 година беа нападнати возилата во кои беа припадниците на АРМ.
По повод девет години од масакрот на бранителите претставници на „Достоинство“ и членови на семејствата на загинатите им оддадоа почит на жртвите и ја поставија спомен плочата.
Првиот обид да се посети спомен плочата во 2003 година беше неуспешен./крај/сс/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

