Економија
Бесплатни разговори кон сите мрежи во Македонија засекогаш со Вип постпејд

Мобилниот оператор Вип денеска објави дека воведува нови најповолни постпејд тарифни модели за сите кои сакаат да зборуваат со кого сакаат во цела Македонија бесплатно засекогаш.
Мобилниот оператор Вип денеска објави дека воведува нови најповолни постпејд тарифни модели за сите кои сакаат да зборуваат со кого сакаат во цела Македонија бесплатно засекогаш. Со тарифните модели Vip Free S, Vip Free M, Vip Free L, Vip Free XL и Vip Super Free, корисниците добиваат бесплатни разговори кон целата Вип мрежа, но и бесплатни разговори кон сите национални мрежи засекогаш. Од компанијата информираат дека во рамки на избраниот тарифен модел, постпејд корисниците покрај бесплатните минути во рамки на Вип мрежата, во тарифните модели со месечна претплата од 279, 499, 799, 1499 и 2499 денари, добиваат и бесплатни минути за разговори кон сите национални мрежи. Во зависност од одбраниот тарифен модел корисниците добиваат од 100 до 3000 бесплатни минути вклучени во претплатата кои можат да ги искористат за разговори кон сите национални мрежи, без оглед на тоа дали вртат во мрежата на Вип или кон останатите фиксни и мобилни мрежи во Македонија. „Со новите “Free” постпејд тарифни модели, корисниците на Вип можат да зборуваат со кого сакаат бесплатно засекогаш. Тие не треба да се мислат или да се грижат за тоа која мрежа ја повикуваат. На пример Vip Free L вклучува 1000 бесплатни минути месечно кон сите мрежи за само 799 денари“, изјави Флориан Нидерсус, Главен маркетинг директор на Вип.Деловните корисници кои својот број го пренесуваат од друга мрежа во мрежата на Вип, добиваат и дополнителни 20% попуст на месечна претплата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.