Македонија
Измените на Законот за денационализација на пленарна седница
Откако измените и надоплонувањата добија зелено од собраниската Комисија за финансирање и буџет денес се на пленарна седница во Собранието
Опозицијата најави дека нема да даде поддршка на Законот, бидејќи, според нив, спорен е членот со кој се предлага да се постапува по барањата поднесени до 7 мај 2003 г., а по овој рок државата не е должна да го врати имотот, туку барателот парично да го обесштети, а од Нова демократија најавија и преиспитување на Законот пред Уставен суд.Пратениците од опозицијата сметаат дека предложениот Закон е грубо кршење на основните принципи, поради што е почнат процесот на денационализација и оти со донесувањето на оваа одредба ќе бидат оштетени многу граѓани.Од Министерството за финансии, кој е предлагачот на измените појаснија дека не им се скратени правата на граѓаните, односно оти не се оспорува правото на барателот да не може да го поврати земјиштето доколку тоа е слободно: „Со овој член државата има право да располага со имот само во одредени случаи каде што таа има потреба да гради објекти од јавен интерес. Доколку се утврди дека земјиштето не може реално да се врати, за него на барателот ќе му биде исплатен надоместок“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.