Македонија
Иселениците во Канада ја одржаа традиционалната „Гоцева вечер“
Во организација на најстарата македонска иселеничка организација во светот „Обединети Македонци“ од Канада, синоќа во Торонто се одржа јубилејната 40-та по ред традиционална „Гоцева вечер“.
Во организација на најстарата македонска иселеничка организација во светот „Обединети Македонци“ од Канада, синоќа во Торонто се одржа јубилејната 40-та по ред традиционална „Гоцева вечер“. Оваа значајна свеченост за македонската заедница во Канада и Северна Америка, традиционално се организира во чест на одбележувањето на роденденот на големиот македонски родољуб и идеолог Гоце Делчев. Во преполната сала на Македонската Православна Црква „Св.Климент Охридски“ во Торонто, присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски Господин Методиј, Амбасадорот на Република Македонија во Отава Љубен Тевдовски и Генералниот конзул во Торонто Драган Ѓурчевски.Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски, од името на Јохан Тарчуловски го прочита поздравното писмо до организацијата ,,Обединети Македонци,, и до цела Македонска дијаспора во Канада. Во име на организацијата „Обединети Македонци“ Претседателот Мендо Бакаловски, на сопругата на Јохан, Соња Тарчуловска, која беше присутна во Торонто како претставник на семејството Тарчуловски, и додели Повелба со благодарност, љубов, гордост и почит кон семејната жртва за опстојот на Република Македонија и македонскиот народ и го врачи чекот вреден 5.000 долари наменет како помош во идната едукација на нивните две малолетни деца. Организацијата „Обединети Македонци“ е со седиште во Торонто, основана е далечната 1959 година и долги години ги застапува интересите и потребите на бројната македонска заедница во Канада. Во 2009-та година при прославата на „Гоцевата вечер“ која се одржа во знакот на 50-годишнината од основањето на најстарата македонска иселеничка организација „Обединети Македонци“ , присуствуваше тогашниот и денес актуелен Премиер на Канада Стивен Харпер. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

