Контакт

Вести

Најмалку седум странски аџии убиени во Ирак

Објавено пред

Најмалку седум странски шиитски аџии загинаа во саботата во експлозија во источниот дел на Ирак, а 25 лица се ранети, јавува Reuters повикувајќи се на полициски и медицински извори .

dobivaj vesti na viber

Автомобил-бомба експлодирал во близина на еден од рестораните во градот Балад, 80 километри северно од ирачка престолнина Багдад. Жртвите на нападот биле главно верници од Иран и од Пакистан, кои се враќале во ирачкиот главен од градот Самара.

Новиот бран напади доаѓа пред празникот Мухарам, почетокот на муслиманската година, кога вообичаено се зголемува меѓусекташкото насилство во земјата.

Насилство меѓу двете исламски конфесии се зголеми во Ирак од декември 2011 година кога беше издадена потерницата по потпретседател Тарик ал-Хашеми, кој е обвинет за организирање терористички групи коишто подготвувале атентати врз ирачки официјални лица и шиитски муслимани.

Престрелките и бомбашките напади станаа речиси секојдневност во Ирак, а најчести цели се безбедносните сили и припадниците на шиитската задница.

Зголемувањето на тензиите во Ирак е поврзано со историската нетрпеливост меѓу двете најголеми муслимански заедници – сунитите и шиитите. Според пописот од 1997 година, 66 отсто од населението на Ирак се сунитски муслимани, додека 34 отсто се шиити. За време на владеењето на режимот на Садам Хусеин, сунитите ги заземаа главните функции во државните структури на земјата.

По американската инвазија врз Ирак во 2003 година, којашто резултираше со соборување од власта на режимот на Садам Хусеин, сунитите повторно ги потиснаа шиитите преземајќи голем број важни владини функции, меѓу кои и една од највлијателните – премиерската. Новата распределба на силите на политичката сцена во Ирак доведе до заострување на односите меѓу сунитите и шиитите. Според политичките набљудувачи, натамошното зголемување на тензиите меѓу двете заедници може да доведе до хаос, граѓанска војна и почетокот на распад на земјата врз етноконфесионална основа./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија4 часа

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија4 часа

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија5 часа

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ7 часа

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија7 часа

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион8 часа

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија8 часа

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија9 часа

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион10 часа

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа10 часа

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет11 часа

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет11 часа

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...

Свет11 часа

(Видео) Интересот на Трамп за Гренланд не е шега, тврди шефот за надворешна политика на САД

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното...

Македонија21 час

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на...

Топ23 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...

Економија1 ден

Мицкоски: Го разбирам бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како функционери на СДСМ манипулирале со пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт...

Свет1 ден

(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер

Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија...

Македонија1 ден

Гаши за смената во Судскиот совет: Досега неколкупати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи, но дека треба да се внимава. „На сите...

Македонија1 ден

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во...