Свет
Во Холандија запленет кокаин вреден 30 милиони евра

Холандските власти заплениле големо количество кокаин, сокриено меѓу сандаци со викси на товарен брод кој пловел од Јамајка, соопшти холандската полција
Во понеделникот во Амстердам биле уапсени пет лица во магацин во кој биле се испорачани сандаците со дрогата. Притоа биле запленетите 1.100 килограми кокаин, лија вредност е проценета на повеќе од 30 милиони евра.Сандаците минатата седмица пристигнале во пристанишето во Ротердам каде ги лоцирало специјален тим составен од припадници на поморската полиција, царинската служба, истражната служба за финансиски криминал и на холандското државно обвинителство.Јамајка е меѓу 20-те држави кои САД ги означија како главни центри за производство или дистрибуција на дрога.Коакинот во Европа во најголем дел пристигнува преку Холандија, а речиси две третини од сите заплени на коакин во Европа се случуваат во Холандија и Шпанија, каде минатат седмица беа отркиени огромно количества хероин во пакети со банании веќе разспределени по мадридсктие супермаркети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025