Македонија
Презентиран акционен план за заштита од топлотен бран
Комисијата за климатски промени и здравје, при Министерството за здравство во соработка со СЗО го изготви акциониот план за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови, што денеска го презентираше координаторот за климатски промени, Владимир Кендровски.
Комисијата за климатски промени и здравје, при Министерството за здравство во соработка со СЗО го изготви акциониот план за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови, што денеска го презентираше координаторот за климатски промени, Владимир Кендровски.
“Оваа година спроведувањето на активностите ќе се одвива во пилот фаза и по завршувањето на летниот период ќе се направи нивна евалуација и соодветна ревизија и дополнување на планот “, истакна Кедровски.
Тој најави дека за обезбедување на навремено следење на најавата на топлотни бранови во РМ, а како составен дел од овој план е изготвена интернет страница www.toplotnibranovi.mk.
Како што беше образложено на оваа интернет страница поставен е сервис за најава на топлотни бранови, кој што овозможуваа информациите автоматски да се доставуваат по пат на СМС порака и е -маил до одговорните лица за спроведување на планот.
Зa тековната 2010 година изготвени се едукативни материјали за заштита од топлотни бранови наменети за општото население, матичните лекари, раководители на здравствени социјални и едукативни установи и за заштита на здравјето на работниците
Кендровски рече дека во периодот од први јуни до крајот на август ќе функционира бесплатна СОС телефонска линија (02 3221 902) на која граѓаните секој ден од 10 до 18 часот ќе мораат да се информираат за влијанијата од топлото време и заштита./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хаос на Онкологија, пациентите оставени на цедило, неспособноста на власта на ДПМНЕ буквално убива, велат од СДСМ
„Додека пациентите на Клиниката за онкологија се борат за својот живот, Владата на ДПМНЕ и нејзините неспособни функционери ја покажуваат својата целосна незаинтересираност за здравјето и животите на граѓаните“, велат од СДСМ.
„Цела недела Клиниката нема основни лекови за биолошка терапија, а луѓето во критична состојба се принудени сами да бараат начини за спас. Ова е вистинска хуманитарна катастрофа која е резултат на крајно аматерскиот и неорганизиран пристап на власта.
Лековите кои се животозависни, како Atezolizumab (Tecentriq), Bevacizumab (Avastin), Palbociclib, Ribociclib, Fulvestrant, Cetuximab, веќе се недостапни. Но, тоа не е крајот – во наредните денови се очекува да снема и други лекови, како Trastuzumab emtansine (Kadcyla), Nivolumab, Cobimetinib и Vemurafenib. Зад овие сложени имиња стојат судбините на стотици пациенти – родители, деца, браќа и сестри кои секојдневно се борат со ракот и бараат шанса за живот.
И додека овие луѓе очајно бараат спас, министерот за здравство Арбен Таравари шета низ Вашингтон, насмеан од уши до уши, и објавува фотографии како да нема поголем проблем од тоа да прошета низ САД.
Во меѓувреме, директорот на Фондот за здравство, Клековски, наместо итно да бара решенија, ја користи истата стара приказна – изговори. Вели, проблемот бил „организациски“ и ќе му требале 6 месеци за да го реши. Шест месеци?! Па луѓето немаат шест дена, камоли шест месеци!
Зошто Клековски не презел ништо досега? Зошто нема регистар на пациенти? Зошто нема соодветни набавки и план? Колку човечки животи треба да бидат загрозени за оваа неспособна власт да почне да работи?
Додека тие се губат во бирократски лавиринти, последиците ги трпат граѓаните. Ракот не чека. Пациентите не можат да чекаат. Но, очигледно, Владата на ДПМНЕ нема ниту волја, ниту капацитет да се справи со вакви клучни прашања.
Едно е јасно: неспособноста и незаинтересираноста на оваа власт директно загрозува човечки животи. Секој ден одложување значи изгубени животи. Време е за итна акција и одговорност – ова веќе не е само прашање на политика, туку прашање на живот и смрт“, соопшти СДСМ.
Македонија
СДС, Венко и Пеце Мирчевски се утепаа од лажење да заштитат профит на фирма за обезбедување која заработувала пола милион евра екстра годишно, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС во лажењето нема мера до каде може да оди, секогаш е способна да се надмине себе си и да ги пробие сите до стигнати нивоа. Последниот пример е од деновиве, во кој СДС и Венко Филипче се фатени живи како штитат приватни бизнис интереси. За да го заштитат милионскиот профит на нив блиска фирма за обезбедување, се утепаа од лажење веќе неколку дена“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Па така, почнаа да бараат криминал, таму каде што нема. Со новиот тригодишен договор на СОЗР за обезбедување на објекти на државната управа, државата има заштеда од пола милион евра годишно.
Јавната набавка за избор на фирма која ќе ги обезбедува објектите е направена на транспарентен начин на кој учествуваа четири компании, а главен услов беше најниска цена.
Транспарентниот начин на јавната набавка внесе конкуренција во наддавањето и тоа придонесе, за истата работа од претходно, сега да се постигне пониска цена за половина милион евра и исто толку пари на граѓаните да се заштедат во државниот буџет.
Претходно, државата со СДС, Филипче и екс директорот на СОЗР и бизнис пајташ на Ковачевски, Пеце Мирчевски значи губела по основа фирма за обезбедување по пола милион евра годишно, што за 6 години се фантастични 3 милиони евра.
Сега СДС штитат приватни бизнис интереси од 3 милиони евра. Целото лажење на СДС и Венко Филипче е токму поради ова, да го заштитат профитот на нивната блиска фирма која од овој тендер заработувала пола милион евра екстра годишно“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Брука е што СДС е против купување нов државен авион, по еден погинат претседател и еден претседател врз кој има извршено атентат, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е од постар датум на производство, се големи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сведоци сме дека низ историјата на државата, државните авиони биле користени за потребите на владата за патувања на владиниот врв, со цел да безбедно и без дополнителни трошоци да се стигне до посакуваната дестинација.
Како држава членка на НАТО доколку сакаме да биде сериозна држава, треба да имаме квалитетен воздухоплов. Моменталниот авион кој е во служба на Владата, често е во дефект и на поправки, а тоа ја „кошта“ државата.
Државниот авион нема да биде на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак на СДС и ДУИ, туку ќе биде за потребите на државата. Тесноградоста на СДС и заслепеноста на Филипче, покажува дека не гледаат подалеку од партиското слепило на Бихачка.
Авионот нема да биде употребуван за да се смируваат коалициите на партиите на власт, како што бевме сведоци во минатото, туку за користење на државниот врв за патување на службени патувања каде се преставува Македонија и се штитат државните интереси“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.