Свет
Малезија е подготвена да испрати војска во Бахреин

Малезија е подготвена да испрати свои војници во Бахреин за да се избегне влошувањето на ситуацијата во оваа арапска земја, објави интернет страницата на „Ал-Џезира“ (Al Jazeera), повикувајќи се на изјава на малезискиот премиер Наџиб Разак.
Малезија е подготвена да испрати свои војници во Бахреин за да се избегне влошувањето на ситуацијата во оваа арапска земја, објави интернет страницата на „Ал-Џезира“ (Al Jazeera), повикувајќи се на изјава на малезискиот премиер Наџиб Разак.„Ако владата на Бахреин ни се обрати со такво барање, ние сме подготвени да испратиме војници во кралството Малезија“, се вели во писмената изјави на Разак по неговиот состанок со саудискиот крал Абдула бин Абдул Азиз Ал Сауд-, кој се одржа во Ријад. Според Разак, Малезија го поддржува раководството на Бахреин, кое „ја презеде иницијативата за поведување национален дијалог за да се врати стабилноста и мирот во земјата“, и е подготвена да обезбеди своја поддршка. Масовните немири во Бахреин започнаа во средината на февруари 2011 година. Демонстрантите на протестите бараат проширување на социјалните и на политичките права. Според официјалните бројки, за време на антивладините протести во Бахреин беа убиени 24 лица.Во Бахреин од 15-ти март е прогласена вонредна состојба со траење од три месеца. Во средината на март во земјата беше распореден контигент од силите на земјите од северна Африка и Персискиот залив, во кој има најмногу – илјада војници од Саудиска Арабија. Демонстрантите беа разбиени, а во земјата започнаа апсењета на учесниците во немирите. Пред неколку дена, командант на војската на Бахреин изјави дека воените единици на мешаните сили на ССАГПЗ ќе останат на територијата на земјата и по укинувањето вонредната состојба во кралството/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Канадскиот премиер: Путин се плаши

Канадскиот премиер Марк Карни, на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, рече дека Владимир Путин се плаши да се сретне со Володимир Зеленски за да разговара за условите за завршување на војната.
Карни истакнува дека Зеленски е подготвен за средба со Путин на која било неутрална територија. Тој, исто така, вели дека Зеленски не очекува Путин да дојде во Киев или дека самиот ќе патува во Москва за таква средба.
„Сепак, секоја неутрална локација би била прифатлива“, рече Карни.
Тој додаде дека е клучно сојузниците да продолжат да ѝ даваат поддршка на Украина додека не се одржи тој состанок.
Фото: ЕПА
Свет
Пукање во католичко училиште во САД: две деца убиени, напаѓачот се самоубил

Најмалку две лица се убиени, а 20 се повредени во пукање во католичкото училиште „Благовештение“ во Минеаполис, Минесота, САД, потврди полицијата.
Како што е потврдено, две деца, на возраст од 8 и 10 години, се убиени.
More than 20 people were injured and at least two were killed in a tragic shooting incident at Annunciation Catholic Church and its school, located in the southeast neighborhood of Minneapolis, Minnesota, USA, during a morning school Mass.
Among the injured, at least 14 people… pic.twitter.com/9f9WTH2Dof— khaled mahmoued (@khaledmahmoued1) August 27, 2025
Напаѓачот е исто така мртов. Полицијата верува дека напаѓачот, кој си го одзел животот на паркингот пред училиштето, дејствувал сам. Полицијата соопшти дека имал околу 20 години, но сè уште не е познато дали бил поранешен ученик во училиштето.
Вооружен со три оружја, вооружениот човек отворил оган низ прозорците кон децата и другите верници за време на мисата по повод првата недела од школувањето по празниците.
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, потврди дека пукањето се случило во католичко училиште и го опиша инцидентот како „страшен чин на насилство“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека е целосно информиран за инцидентот и дека ФБИ брзо реагира и е на местото на настанот. „Молете се за сите погодени“, напиша Трамп на Truth Social.
Свет
Застрелан младоженец на пукање на свадба во Турција

Младоженец почина од повредите здобиени во пукотница на неговата свадба во северна Турција.
Додека младенците се враќале дома по церемонијата, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели наводно испукани од роднина, жена, на неговата сопруга, објави државната агенција Анадолу.
Жената е приведена, а во нејзината градина се пронајдени две нерегистрирани оружја, соопшти агенцијата.
Обвинителите отворија истрага за инцидентот, кој се случил во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун.
Пукањата на свадби се вообичаени во северна Турција. Минатата недела, еден маж беше убиен, а две лица беа повредени на свадба во североисточната покраина Трабзон.
Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми.