Свет
Ромни најпосле ги објави даночните документи
Под сé поголемиот притисок од своите ривали, еден од водечките кандидати за републиканската номинација на претстојните американски претседателски избори, Мит Ромни, во вторникот најпосле го објави своите даночни документи
Под сé поголемиот притисок од своите ривали, еден од водечките кандидати за републиканската номинација на претстојните американски претседателски избори, Мит Ромни, во вторникот најпосле го објави своите даночни документи кои го потврдуваат неговиот статус на мултимилионер, пишува The Washington Post.Републиканецот Мит Ромни, којшто своето богатство го стекнал извршувајќи ја челната функција во еден инвестициски фонд, пријавил 21,7 милиони долари приход за 2010 година и 20,9 милиони приход за 2011 година, пишува вашингтонскиот дневен весник на кого Ромни му ги испратил своите даночни документи. Во наведените две години Ромни и неговата сопруга Ен донирале седум милиони долари во добротворни цели, главно на Мормонската црква и платиле 6,2 милиони долари сојузен данок.Според американските закони, капиталната добивка се оданочува со стапка од 15 отсто, што е многу помалку од даночната стапка на приход којашто изнесува 35 отсто. Богатството на Мит Ромни е проценето на 250 милиони долари, а фактот што го стекнал преки инвестицискиот фонд „Bain Capital“ би можел за него да претставува отежнувачки елемент во предизборите, имајќи ја тешката економска криза каква што во САД немало од 1930-те, коментира агенцијата AFP.И дел од републиканците и демократите го обвинуваат Ромни дека во времето кога ја основал „Bain Capital“, во периодот од 1984 до 1999 година, се збогатил врз грбот на компаниите кои оделе во стечај, поради што илјадници американци останале без работа. Неговите критичари тврдат дека како сооснивач на огранокот на советничката компанија „Bain & Co“ од Бостон, „Bain Capital“ ги „ограбувал“ компаниите коишто ги преземал, настојувајќи од нив да извлече што поголема добивка. Но Ромни ги брани потезите на „Bain Capital“, објаснувајќи дека вложил во повеќе од стотина разни бизниси, и дека компанијата отворила 10 илјади работни места. „Доколку луѓето сакаат да добијат политичар кој разбира на кој начин функционира економијата, а јас директно работев во стопанството, јас сум вистинскиот човек за тоа и на најдобар начин можам да му парирам на Барак Обама“, изјави неодамна Ромни на еден од дуелите со неговите партиски противкандидати.Мит Ромни,поранешен гувернер на сојузната американска држава Масачусетс, победи на партиските предизбори во Њу Хемпшир, но во Јужна Каролина ба 21-ви јануари беше поразен од Њут Гингрич и го презема водството според бројот на делегатите за републиканската конвенција.Следните републикански предизбори ќе се одржат на 31-ви јануари на Флорида.Последните денови ривалите на Ромни во борбата за републиканската претседателска номинација често го повикаа да ја објави својата даночна карта и да не ги крие своите финансии. Фактот дека данокот Ромни го плаќал по значително помала стапка отколку поголемиот дел од другите богатите Американци го нагласува неговиот статус на мултимилионерски финансиер, што според некои аналитичари, би можело да му наштети во натамошниот тек од кампањата./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

