Свет
Силен земјотрес во Иран

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер го погоди иранскиот град Конар – Тахтек, 175 километри западно од Шираз во покраината Фарс. Според иранските медиуми најмалку две лица ги загубиле животите
Епицентарот на потресот бил на 10 километри длабочина, според геофизичкиот институт на Универзитетот во Техеран. Земјотресот предизвикал паника меѓу локалното население , а урнати се и голем број куќи и станбени објекти.Земјотресот го потврдил и американскиот геолошки институт, според кој потресот бил со јачина од 5,5 степени.На крајот од август три лица загинаа а околу 40 беа ранети во земјотресот од 5,9 степени по Рихтер што го погоди регионот јужно од градот Дамган во северниот дел од Иран.Во Иран се чести земјотресите до 7 степени по Рихтер, бидејќи еден негов дел лежи на сеизмички активно подрачје. Во земјотресите од 2003 г. во градот Бам и во 2005 г. во градот Заранд, и двата во провинцијата Керман, вкупно загинаа 31 илјади луѓе а повеќе од 42 илјади беа повредени. гаш претрпе тешки оштетувања и никогаш повеќе не е обновен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон се заканува со масовни санкции

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Русија ќе се соочи со „масивни“ санкции заеднички координирани од Европа и САД доколку го прекрши 30-дневното примирје предложено од западните сојузници на Киев.
„Во случај на прекршување на ова примирје, беше договорено дека ќе бидат подготвени и координирани масивни санкции меѓу Европејците и Американците“, рече Макрон на прес-конференција во Киев.
Европа
Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник; Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора да започне в понеделник, 12 мај“.
Тој додаде дека прекинот на огнот треба да го опфати воздушниот, морскиот и копнениот простор и рече дека доколку Москва одбие, ќе следат нови санкции, вклучително и зголемени казнени мерки насочени кон нејзините енергетски и банкарски сектори, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека Русија ја поддржува имплементацијата на 30-дневниот прекин на огнот, но со почитување на одредени „нијанси“. Во изјава за Еј-би-си емитувана во саботата, Песков нагласи дека западната воена помош за Украина ќе мора да престане за да биде можно привремено прекин на огнот.
„Инаку, тоа би било предност за Украина“, рече тој.
Европа
Кремљ: Заканата од нови санкции е „губење време“

Кремљ соопшти дека не е загрижен од најавата за нови санкции против Русија, што ја изнесе британскиот премиер Сер Кир Стармер.
„Веќе сме навикнати на санкции, веќе можеме да предвидиме што ќе правиме откако ќе бидат воведени, како ќе ги ублажиме нивните последици“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руските државни медиуми.
Песков додаде дека заканата од нови ограничувања е „губење време“ бидејќи тие не можат да ја заплашат Русија. Даунинг стрит во петокот објави дека го подготвува „најголемиот пакет санкции досега“ против руската „флота во сенка“, која транспортира нафта од Кремљ низ целиот свет.