Македонија
Висок претставник на САД во посета на Македонија

Американскиот замeник државен секретар Џејмс Штајнберг треба да ги посети Грција и Македонија на разговори за прашањето за името
Американскиот замeник државен секретар Џејмс Штајнберг треба да ги посети Грција и Македонија, а прашањето на името треба да биде едно од главните теми на разговорите.
Ова денеска го најавуваат повеќе грчки медиуми, според весникот „Вима“, Штајнберг утре треба да пристигне во Атина, каде ќе оствари средби со грчкиот премиер Костас Караманлис и министерката за надворешни работи Дора Бакојани.
Високиот претставник на Стејт департментот ќе пристигне во Македонија, веднаш по посетата на Атина, каде ќе учествува на состанокот на светската економска и политичка елита собрана во групата „Билдерберг“, пишува „Катимерини“./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
(Видео) Со „ауди“ се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел: полицијата го пронајде и казни возачот

МВР соопшти дека го пронашле и го казниле возачот кој со автомобил се движеше по велосипедска патека во скопската населба Бутел.
Од таму велат дека во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот“.
„Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба“, соопшти полицијата.