Македонија
Потребна поголема ангажираност на граѓанското општество
Граѓанското општество треба да има поголема улога а социјалниот дијалог ќе биде од витална важност во справувањето со проблемите поврзани со невработеноста
Ова го порача Санди Болд, раководител на секторот на надворешни односи на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество, на денешната четврта средба на Комитетот.„Политичарите ќе треба да го решат проблемот поврзан со името, но граѓанското општество треба да игра важна улога во делот на спроведувањето на реформите, особено кај прашањата поврзани со корупцијата, слободата на изразувањето, слободата на медимуите“, рече Болд.На новинарско прашање дали политиката го попречува функционирањето на цивилното општество , министерот Бајрами рече дека не се согласува дека политиката го попречува цивилното општество во неговото функционирање.„Самото официјално присуство на поголемиот дел на невладините организации, покажува дека Владата има слух за нив. Владата има редовни средби со цивилното општество“, рече Бајрами.Заедничкиот консултативен комитет е формиран во 2009 година, меѓу граѓанското општество во Македонија и ЕУ. Во овој комитет членуваат невладините организации, синдикатите, организацијата на работодавачите и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегувал и ширел лаги и манипулации во јавноста.
„Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција. Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.