Македонија
Преставници на Комисијата за европски прашања втор ден во посета на Братислава
Делегација на собраниската Комисија за европски прашања, предводена од претседателот Хајрула Мисини денеска имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Националниот совет на Република Словачка, предводена од претседателот на комисијата Иван Штефанец.
Делегација на собраниската Комисија за европски прашања, предводена од претседателот Хајрула Мисини денеска имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Националниот совет на Република Словачка, предводена од претседателот на комисијата Иван Штефанец.
На средбата била потврдена поддршката што Република Словачка и ја дава на нашата земја на нашиот пат кон Европската унијата, при што било истакнато дека Македонија треба да биде дел од Европската унија што претставува официјална политика на Словачка, зад која стојат сите политички партии во земјата.
Во врска со грчката блокада бил искажан став дека нашето евроинтегрирање не е само во интерес на Македонија, туку и на Грција.
Во рамките на разговорот биле разменети мислења за евроинтегративните процеси на двете пријателски земји, со посебен акцент на евроинтегративниот пат на Словачка, нивните практики и искуства во предпристапниот период кон ЕУ, како и во текот на преговорите.
Македонската делегација денеска имаше средба и со Андреа Елешкова-Матисова, шеф на претставништвото на Европската комисија во Словачка, како и со претставници на Информативната служба на Европскиот парламент во Словачка. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од снег низ целата држава, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.
Од 05:45 часот тешките товарни возила поради врнежи од снег превентивно ќе се пренасочуваат од автопат А1 кај клучка Демир Капија до Смоквица по регионалниот патен правец (стариот пат) Р1102.
Активни забрани за тешките товарни возила:
· Гостивар – Маврово – Дебар
· Гостивар – Стража – Кичево
· Пресека
· Плетвар
· Ѓавато
· Струга – г.п. Ќафасан
· Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
· Струмица – Берово
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе провејува слаб снег и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени.
Скопје
Без вода дел од Центар
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на улицата Партениј Зографски бр 23, без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.