Свет
Иран ја одбележува Исламската револуција

Неколку стотици илјади провладини приврзаници се собраа на еден од главните плоштади во Техеран за да ја одбележат годишнината на иранската исламска револуција од 1979 година
Силни полициски сили се ангажирани за ги спречат противниците на собирот, јавуваат агенциите.Во програма на државната телевизија се прикажани стотици илјади владини приврзаници кои тргнаа кон најголемата градска авенија кон централниот плоштад Азади, каде говор ќе одржи иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад.Учесниците на знамиња и фотографии го истакнуваат ајатолахот Рухолах Хомеини, основачот на исламската држава и неговиот наследник, ајатолахот Али Хаменеиј.Опозицијата најави противдемонстрации, но полицијата во ценарот на градот распоредила повеќе стотици свои припадници за да ги спречи во намерата.Иранските власти во четврток повторно оневозможија пристап на интернет за да ги спречат противниците на собирот во испраќањето пораки и организирање противдемонстрации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг, пишуваат бугарските медиуми.
„Ја побарав претседателката на Република Северна Македонија бидејќи ставот на Бугарија е дека РСМ треба да биде дел од ЕУ врз основа на сопствените заслуги“, рече Жељазков.
Тој потсети дека Бугарија строго се придржува до декларацијата од мај 2022 година. „Во оваа смисла, заштитата на правата на Бугарите во РСМ е од клучно значење за нас“, нагласи Жељазков.
Тој рече дека имал многу добар разговор со претседателката Силјановска.
„Разговаравме за човекови права, европски вредности. Разговаравме за фактот дека јазикот што го користат функционерите во двете земји треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си дозволам една аналогија. Целта на нашите пријатели од РСМ не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ, што се базира на критериумите за членство“, рече Жељазков.
Свет
Сијарто: Присуството на Трамп на самитот на НАТО промени сè

Присуството на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на самитот на лидерите на НАТО промени сè, во споредба со самитите од претходните години, поместувајќи го фокусот од поддршката на Украина кон зајакнување на одбранбените капацитети на алијансата, изјави денес во Хаг, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Зборувајќи на прес-конференцијата по самитот, Сијарто рече дека ако сака да ја сумира разликата помеѓу овогодинешниот самит и оние од последните три години, тоа би било во два збора – Доналд Трамп, пренесува MTI.
Сијарто рече дека враќањето на Трамп на власт променило сè и дека сега секој може слободно да користи зборови како мир, примирје и мировни преговори, без страв од јавна осуда.
„Со Доналд Трамп, самитот конечно го имаше НАТО и зајакнувањето на одбранбените капацитети на трансатлантската заедница на дневен ред, наместо нереална поддршка за Украина и нејзиното членство во НАТО“, рече Сијарто.
Тој оцени дека завршната изјава од самитот е „невообичаено кратка“ со само осум страници, но сепак кажува повеќе и е подобра од претходната.
Сијарто рече дека завршната декларација ја потврдува посветеноста на земјите-членки на НАТО кон член 5 од основачкиот акт, како и кон член 3 за обврските за националните одбранбени капацитети.
Свет
Иран ја потврди смртта на висок воен функционер, најави сурова одмазда

Командантот на елитната командна станица на Револуционерната гарда на Иран, Али Шадмани, почина од повредите здобиени минатата недела во израелските воздушни напади, потврди Иран, според „Иран Интернешнл“.
Израел соопшти дека Али Шадмани бил најблиската личност до врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Според иранските медиуми, командата на ИРГК вети „сурова одмазда“ за убиството на генералот Шадмани.
Израелската војска минатата недела тврдеше дека го убила Али Шадмани во ноќен напад врз „команден центар во срцето на Техеран“. Израел го идентификуваше Шадмани како воен началник на Генералштабот на Иран и врвен воен командант.
Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), Шадмани беше близок помошник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
ИДФ соопшти дека Шадмани бил и командант на Командата за вонредни ситуации на иранските вооружени сили и дека и ИРГК и иранската армија биле под негова команда.
„На почетокот на операцијата, тој беше назначен за командант на иранските вооружени сили откако неговиот претходник, Ала Али Рашид, беше елиминиран во почетниот напад на операцијата соопшти ИДФ минатата недела.