Македонија
Прогласени овогодишните добитници на наградата „11 Октомври“
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” ги прогласи овогодишните добитници за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на државата.
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” ги прогласи овогодишните добитници за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на државата.За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на Тања Вујисиќ-Тодоровска, балетски уметник, Ресул Шабани, писател и Петар Темелковски, актер.За животно дело во областа на заштитата на вредностите на културно-историското наследство, наградата се доделува на Миле Бошески, советник-библиотекар.За животно дело во областа на стопанството, наградата се доделува проф. д-р Тихомир Чепреганов, стопанственик.Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2011 година (вторник) во 12 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Одговорноста за Даути исто како и за незакажувањето седница на Комисија е кај Гаши
„Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство“, велат од СДСМ.
СДСМ, како што велат, нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ.
„Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Дауити е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши. Сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти што ќе преземе и кои се неговите следни чекори“, посочија од СДСМ.
Македонија
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на Плетвар во двата правци
Во 14.50 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, додека од 14.50 часот на патен правец Прилеп-Градско, кај Превој „Плетвар“, воведена е забрана за тешки товарни возила во двата правци, соопштија од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Укината забраната за движење на Плетвар за тешки товарни возила
Во 13.45 часот на патниот правец Прилеп-Градско, на „Плетвар“, укината е забраната за движење на тешки товарни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.