Контакт

Македонија

Ставрески: Буџетот за 2011 е инвестициски и развоен

Објавено пред

Буџетот на Република Македонија за 2011 година ќе изнесува две милијарди и 591 милиони евра, со проектиран дефицит од 2,5 отсто

dobivaj vesti na viber

Министерството за финансии за буџетот за следната година најави дека ќе биде повисок за 6,8 проценти од претходната и го претстави како инвестициски и развоен со досега најголем износ на планирани капитални инвестиции.. Министерството за финансии за буџетот за следната година најави дека ќе биде повисок за 6,8 проценти од претходната и го претстави како инвестициски и развоен со досега најголем износ на планирани капитални инвестиции.Како што рече на прес-конференција во петок вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, приходите во предложениот Буџет се за 6,6 отсто повисоки во однос на оваа година, а расходите за 6,8 проценти. Дефицитот останува на контролирано и ниско ниво во вакви околности од 2,5 проценти од БДП, и како што истакна, со тоа Македонија и во 2011 г. ќе биде една од земјите во Европа која ќе има еден од најниските дефицити на Буџетот.Ставрески нагласи дека Буџетот за 2011 г. е проектиран инвестициски и развоен. Причина за тоа, како што појасни, е зголемувањето на капиталните инвестиции за 29 отсто, поточно за 5.147 милијарди денари.„Додека Буџетот за 2010 г. беше проектиран за стабилизација на економијата, овој за 2011 г. може да се каже дека е инвестициски и развоен“, рече министерот Ставрески. Во овие 20 години на историја на Република Македонија како независна држава, никогаш во ниедна година капиталните инвестиции во Буџетот не биле планирани на вака високо ниво и никогаш не биле зголемени за 29 отсто во однос на претходната година“, дополни министерот за финансии.Како што рече Ставрески, зголемувањето на капиталните инвестиции се базира врз порастот на економијата и очекуваниот пораст на приходите, каде најголем дел од тоа зголемување на приходите наместо да биде насочено за плати, пензии и други категории, годинава Владата го насочува кон инфраструктурни проекти.Зголемување кај инвестициите има во сите сектори, во транспортот, здравството, образование, а ќе бидат обезбедени и дополнителни средства за субвенции во земјоделството.Зголемувањето на инвестициите за Агенцијата за државни патишта зинесува 7,6 отсто,а транспортниот дел ќе добие 850 милиони денари повеќе од годианва. Предвидена е изградба на магистрални и регионални патни правци, патниот правец од Коридорот 10, локални патишта, железничката инфраструка, водоснабдителни и канализациски системи.Здравството добива најмногу дополнителни средства кои се за 1,8 милијарда денари повеќе од годинава. Во делот на здравството се предвидуваат инвестиции за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи, набавка на медицинска опрема, имплементација на интегриран здравствен систем, изградба на дијагностички центар во Тетово и сл.Образованието добива 1,783 милијарда денари повеќе од 2010 г. Во образованието инвестициите ќе бидат концентрирани на изградбата и реконструкцијата на основни и средни училишта, изградба на училишни спортски сала, реконструкција на ученички и студентски домови, и нивно опремување, како и реконструкција на универзитетите. Во областа на социјалната и детска заштита предвидено е реконструкција и изградба на детски градинки и социјални институции. Министерот Ставрески изјави дека тековните расходи ќе бележат порст од 3,9 отсто, при што платите се одржуваат на непроменето ниво со пораст од 1,9 проценти. Кај трансферите порастот е 3,8, кај стоките и услугите 6,8 отсто.Министерот нагласи дека се обезбедени доволно средства за исплата на платите, пензиите и социјалните надоместоци, како и дека се обезбедени дополнителни 15 милиони евра за субвенции во земјоделството, со што вкупниот износ за 2011 г.  ќе биде 115 милиони евра. Ставрески додаде и дека не се предвидени нови вработувања и дека ќе има дисциплина во вработувањата, освен за вработувањата во сферата на евроинтеграциите и за спроведувањето на Рамковен договор, а платите на администрацијата нема да се зголеми. Финансирањето на дефицитот, рече Ставрески, ќе се прави во прв ред од странски извори, односно од користење извори од меѓународните финансиски институции, каде покрај буџетска поддршка предвидено е и користење средства за конкретни проекти. Во однос на понудената кредитна линија од ММФ, министерот Ставрески рече дека во зависност од одлуката на Владата за користење на средствата, во процесот на носење на Буџетот меѓу првата и втората фаза, ќе може да се допрецизира каква ќе биде комбинацијата на надворешните извори на финансирање.„Тука се можностите за издавање еврообврзница или доколку состојбите на пазарот на капитал не се адекватни и не се во согласност со очекувањата тогаш како осигурување би го имале кредитот од ММФ, сепак тоа не може да се прејудицира во оваа фаза додека Владата не донесе одлука во однос на тоа прашање“, истакна Ставрески.Тој додаде дека со Предлог-буџетот не е предвидено домашно задолжување.„Во делот на финансирање од домашни извори појдовната наша позиција е на нето основа да нема дополнителни повлекувања на средства. Тоа значи само би се враќале средствата што се по издадените постојни обврзници, појасни министерот Ставрески и додаде дека она што сега е како проекција во буџетот подразбира нула домашно задолжување“, значи да нема зголемување.За наредната година предвиден е раст на БДП од 3,5 проценти и инфлација до 3 проценти.„Порастот на економската активност за следната година се очекува да биде повисок отколку оваа врз основа на фактори кои се од екстерна и од домашна природа.  Во однос на екстерните пред се се очекува заздравувањето на европската економија која почна оваа година и која што се одвива со подобра динамика отколку предвидувањата да помогне да го повлече растот и на македонската економија и очекуваме овој забрзан раст  во втората половина на оваа година да се пренесе во следната година и да помогне македонскта екномија да оствари повисока стапка на економски раст врз основа на зголемена побарувачка на македонските производи“, рече Ставрески, додавајќи дека се очекува извозот да расте со стапка од 10,5 отсто, а увозот со стапка од 9,5 отсто.

Македонија

Костовски и Бајовски со ново, заедничко, ветување: Канализација ќе добијат сите улици во Бел Камен и Кучевишка Бара кои досега беа изоставени

Објавено пред

Градоначалниците на Бутел и на Чучер-Сандево, Дарко Костовски и Зоран Бајовски со заеднички проект ќе го решаваат проблемот со канализација во Кучевишка Бара и Бел Камен. Населбите се една до друга, но припаѓаат на две различни општини и со децении градоначалниците ветуваат дека ќе им изградат фекална канализација, но досега ниту еден не го реализираше ветувањето.

dobivaj vesti na viber

Во работнта група се вклучени експерти, технички служби и претставници на граѓаните

Градоначалникот на Чучер-Сандево попладнево на социјалните мрежи се пофали дека првпат двете соседни општини пристапуваат заеднички и координирано за решавање на овој долгорочен проблем, со јасни рокови и распределба на обврски.

„Денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ја формиравме оперативната работна група за решавање на заедничките проблеми на жителите од Чучер Сандево и Бутел. Главна задача на групата е финализирање и доработка на основниот проект за фекална канализација, со цел проектот да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени. Со зголемување на опфатот ќе бидат вклучени и улиците како Бутелска 27, 29, 31, 33 и 35, како и други критични точки кои бараат итна интервенција“, објави градоначалникот Бајовски.

Во работнта група се вклучени експерти, технички служби и претставници на граѓаните за да се обезбеди транспарентен процес и квалитетна техничка документација.

Главна задача на работната група е доработка на проектот со цел да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени

„Нашата цел е да обезбедиме трајно и одржливо решение за управување со отпадните води, што ќе го подобри здравјето и квалитетот на живот во двете општини“, вели градоначалникот Бајовски.

Револтирани што на терен нема никакви активности и оти градоначалникот Бајовски фекалната канализација во Бел Камен не ја ставил на листата со приоритети, како што им вети пред изборите, претставници на жителите од двете населби пред два месеца го потсетија на ветувањето и му кажаа дека доколку не почне да работи за решавање на нивниот проблем, подготвени се да протестираат.

Градоначалникот Бајовски, за „Макфакс“ на крајот на ноември изјави дека, за да почне да го решава проблемот, прво ќе направи ребаланс на буџетот, а потоа ќе работи на нов проект кој ќе ги опати и улиците каде што никогаш не е изградена фекална канализација.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Блокиран сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола

Објавено пред

Од

Во 16:10 часот блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен-Битола кај месноста викана Ромската населба Битола, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Објавено пред

Од

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан.

dobivaj vesti na viber

„На средбата беше реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. Претседателката изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Во таа насока, претседателката упати покана за официјална посета на претседателот Пармелан“, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Таа се заблагодарила за проектната помош во различни области, со што Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во нашата држава.

Посочила на важноста на поддршката што Швајцарија ја дава за стратешките определби на нашата држава, што според неа ја демонстрира швајцарската посветеност за стабилност, развој и европска иднина на нашиот регион.

Соговорниците го споделиле мислењето за важноста на бројната македонска заедница во Швајцарија како важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави.

Претседателката повикала на натамошно интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, вклучително и зголемување на швајцарските директни инвестиции.

Сиљановска-Давкова изразила сочувство за трагедијата во ноќниот клуб во Кран Монтана на новогодишната ноќ и загубата на човечки животи, како ужасен потсетник на трагедијата во Кочани, што остави трајни рани во македонското општество.

Двајцата претседатели размениле мислења и за актуелните случувања на глобален план.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија3 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија4 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија6 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион7 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија7 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија8 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија8 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет11 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа11 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет12 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа12 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет13 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет13 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија13 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...