Македонија
МОСТ: Излезност од 8,40 проценти до 10:00 часот
Одзивот на гласачите за претседателските избори до 10 часот изнесува 8, 40 проценти, соопшти претпладнево граѓанската асоцијација Мост
Одзивот на гласачите за претседателските избори до 10 часот изнесува 8, 40 проценти, соопшти претпладнево граѓанската асоцијација Мост.
Ист е и одзивот на граѓаните кои гласаат за градоначалник и советници на Скопје.
Набљудувачите и регионалните координатори на Мост забележале нерегуларности на избирачко место во Охрид, каде 78 гласачи се потпишале само во еден избирачки список, а гласале на двата избори.
Недоследност во спроведување на процедурата на гласање е забележана на четири избирачки места во село Лабуниште, општина Струга, каде заедно со гласачките ливчиња, гласачите ги добивале и личните карти назад.
На избирачко место во општина Центар во Скопје, искинат е јавно истакнатиот распоред на гласачките места.
Набљудувачите на МОСТ јавуваат и дека до 11,00 часот не се отворени 30 избирачки места ширум земјава, а други пет избирачки места се отворени со задоцнување.
Граѓанската асоцијација МОСТ со 3750 набљудувачи ќе го следи гласањето на претседателските и локалните избори 2009.
Овие набљудувачи ќе покријат околу 65 проценти од 2976 избирачките места на територијата на Македонија. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

